Почетна / Забава / Каролина со концертна промоција на новиот албум

Каролина со концертна промоција на новиот албум

 

Вчеравечер се случи промоцијата на вториот сингл на Каролина Гочева од албумот „Македонско девојче 2“. Песната е насловена како Две лири, музиката и аранжманот се дело на Никола Мицевски, текстот е на Валентин Соклевски, а снимена е во студиото XL – Момироски. Како музичари се потпишаа Благојче Трајковски – кларинет, Влатко Крстев – виолина, Зоран Костадиновски – гитара, Бошко Мангаровски – канон, Оливер Јосифовски – контрабас, Благоја Антовски – тапани.  Песната веќе е вистински хит на социјалните мрежи, докажува многубројното споделување на линкот од истата.

 

 

Концертната промоција на албумот ќе биде на петте концерти закажани за 20/21/22/23 и 24-ти февруари во Македонска Опера и Балет каде со секоја купена влезница следува и едно луксузно дигипак издание од албумот. Влезниците по цена од 600 денари во продажба ќе бидат од вторник 10-ти февруари преку билет сервисот „Купи Карти За Се“. Во слободна продажба албумот „Македонско Девојче 2“ ќе биде од 25-ти февруари.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …