Почетна / Филм / Како изгледа денес Даниел од „Карате Кид“

Како изгледа денес Даниел од „Карате Кид“

 

Доколку деновиве се запрашавте како денес изгледа малиот и храбар Даниел од безвременската авантура „Карате Кид“, овој артикл е наменет токму за вас. Ралф Џорџ Мачио (50) е името на актерот што од 1984. до 1989. година го толкуваше ликот на Даниел во првите три продолженија на филмот „Карате Кид“.

 

 

Роден е на 4. ноември, 1961. година во Њујорк, а неговата фамилија влече грчко и италијанско потекло. Тој во својата кариера има долга листа на успешни филмови, но светот најмногу го памети по улогата во „Карате Кид“. Приказната за детето што од својот ментор учи дека зад боречките вештини се крие нешто многу повеќе од борба, има четири продолженија. Ралф Мачио се појавува во првите три, како што веќе споменавме.

 

 

Првите два дела се емитуваа овој и минатиот викенд на Сител телевизија, а наредните два викенда следуваат третиот и четвртиот дел од „Карате Кид“. Пат Морита, актерот што ја толкуваше улогата на Мијаги кој му беше ментор на Даниел, почина во 2005. година на 73-годишна возраст.

 

 

За оние што не знаеја, Ралф Мачио глумеше и во популарната телевизиска серија „Грдата Бети“. Мачио тука се појавува во третата сезона како Арчи Родригез, кој е момче на Хилда, сестрата на Бети.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо | Месец на „Киненова“ на ТВ 24 – цел месец филмови без реклами

„Прво филм“ е мотото на меѓународниот филмски фестивал Киненова кој годинава официјално ќе се одржува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!