Почетна / Забава / Евровизија / Италија на Евровизија

Италија на Евровизија

28/43

 ИТАЛИЈА

Изведувач: Nina Zilli
Песна: ‘L’Amore È Femmina’
Финале (26/05/2012)

 

Земјата која минатата година се врати после долги години пауза, и веднаш се најде на второто место, годинава повторно својот претставник го избра преку еден од најквалитетните фестивали во Европа, италијанскиот Сан Ремо. Сепак како и лани, победникот на Сан Ремо не значеше дека е нивниот претставник за Италија, туку специјално жири од двете категории Нови артисти и Популарни имиња бираа кој ќе биде нивниот претставник. Првичниот избор беше да оди победникот на Сан Ремо, неверојатната песна на Ема Мароне, Non è L’ Inferno, но таа одби. Па вториот избор и конечен беше популарната Нина Зили со песната “Per sempre”. Но поради некојаси икс причина тие ја сменија таа песна, па за во Баку ја праќаат песната L’Amore È Femmina во чија Евровизиска верзија има и англиски рефрен. Несомнено е дека Италијанците повторно ќе бидат во ТОП 10, можеби и победа, доколку гласањето биде непредвидливо до самиот крај како минатата.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …