Почетна / Вебновела / Црвена месечина 121

Црвена месечина 121

Сто дваесет и прво продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Фабијан излезе од ординацијата на докторот. Во холот го пречека Клеменсија.
– Зошто излезе, Фабијан? Каде е Марија Клара?
– Имам лоша вест, Клеменсија…Марија Клара доживеала спонтан абортус. Го загубила детето.
Клеменсија немо крикна, прекривајки ја својата уста со раката.
– Поради стресот од несреќата која ја избегнавме?, – праша.
– Не. Го загубила плодот пред една недела. Најверојатно ни самата не забележала.
– Кутрата моја внука. Сигурно е скршена. Сакам да ја видам.

По вечерата во пансионот, додека Висента ги переше чиниите во кујната, а Лоренсо и помагаше со бришење и сортирање, и рече:
– Прости ми, Висента, но мислам дека е време да разговараш со твојата ќерка.
– Се плашам, – рече таа и длабоко воздивна.
– Те разбирам. Но не можете да продолжите вака. Матилде и онака веќе знае за нас. Ако не зборувате за тоа, сигурно ќе продолжи да има лошо мислење за мене.
– Ја виде каква беше додека вечеравме. Не зборуваше со никого. Цел ден не излегува од соба.
– Сигурно чека ти прва да проговориш.
– И што да и кажам, Лоренсо?
– Вистината. Дека по многу години си нашла човек во кој можеш да се вљубиш и кој те љуби со сета сила. Зборувај и за Артемио Сантибањез. Немој да ја вртиш против него. Тебе никогаш нема да ти го заврти грбот. Ти си единствена мајка за која Матилде знае.
– Како да одобрам да биде со Артемио кога тој човек е криминалец?!
– Како и да е, ние сме тука да ја заштитиме. Освен тоа, јас можам да зборувам со тој човек и да му поставам ограничувања. Затоа сакам да бидеш моја жена. За да имам право да те штитам, тебе и твојата ќерка.
– Разбери ме, Лоренсо, не сакам Матилде да го прифати она што Артемио и го нуди. Да почекаме да се врати докторката Салдивар. Можеби таа и господинот Молина ќе ја разубедат Матилде.
– Во ред. Но, барем зборувај со Матилде за нас.

Откако Естер и ги предаде на Лусија клучевите од канцеларијата, посегна по шишето вино и наполни чаша за себе.
– Сеуште не ми кажа зошто даде отказ, – инсистираше Лусија.
– Бидејки ми е смачено од се, – одговори Естер, посегнувајки по пијалокот.
– Од работата?
– Од се. Од работата, од обврските, од стресот, од Артемио…
– Артемио, рече?
– Артемио Сантибањез е бесрамник, Лусија. И не ми е важно дали ќе му кажеш. Јас не му се плашам повеќе. Него му се потребни доушници како Ана Вирхинија и Ратас. Јас не сум таква…Барем не сум повеќе.
– Тогаш, зошто почна да работиш за него?
– Бидејки бев глупава и наивна. Загубив верба во се, дури и во самата себе…Го загубив моето дете…
– Си имала дете?, – шокирано праша Лусија.
– Го дадов на посвојување пред многу години. Бев малолетна и Артемио се појави во право време на право место. Сакав лесно да заработам, сакав да бидам потрупана со обрски за да не мислам на детето. И пред да станам свесна во што се впуштив, беше предоцна. А зошти ти почна да работиш за него? Татко ти беше богат колку што знам.
– Да, но Артемио остана со сето негово богатство. Имав само четиринаесет години кога почина татко ми, немав роднини кои би се грижеле за мене. Артемио ми се најде.
– Артемио се нуди само кога има интерес.
Нивниот дијалог беше прекинат кога заѕвоне телефонот. Естер ја подигна слушалката од бирото. Беше Артемио.
– Естер, спакува ли се како што ти реков? И ги предаде ли клучевите на Лусија?
– Да.
– Дај ми ја те молам.
Естер и ја подаде слушалката на Лусија.
– Кажи, Артемио.
– Лусија, задржувај ја Естер колку можеш. Тоњо бил во куќата на Естер, но не успеал да најде ништо.
– Во ред. Се гледаме, – рече Лусија и ја спушти слушалката.
– Што сака?
– Нешто поврзано со клубот. Да одиме некаде на вечера, што велиш?
– Не можам, преморена сум и сакам да си легнам.
– Ајде не биди таква, за старите добри времиња. Јас честам.

Фабијан повторно влезе во ординацијата на докторот и го праша гиникологот дали по абортусот, Марија Клара ќе може да има деца.
– Секако дека ќе може, господине Монтеро. Ништо не ја спречува вашата сопруга да има други деца. Секако, првите неколку месеци ќе мора да внимавате, зошто бременоста би била ризична по спонтаниот, но по шест месеци можете повторно да се обидете.
– Ви благодарам, докторе.

Кога Фабијан излезе од ординацијата, ја затекна Клеменсија во чекалната, сама.
– Каде е Марија Клара?, – ја праша.
– Замина до тоалетот да се освежи. Што ти рече докторот?
– Марија Клара никогаш повеќе нема да може да има деца, – излажа Фабијан.
Старицата остана со подотворена уста.
– Но, Клеменсија, Ве молам, ништо не и кажувајте на Марија Клара за ова. Докторот рече дека е осетлива поради загубата, кутрата може да направи лудост ако дознае.
– Но, не можеме да ја лажеме, Фабијан.
– Не можеме ни да и кажеме сега кога е слаба.
– Зошто мораше да се случи ова, Господе? Зошто?
– Ова е голема трагедија, Клеменсија. Размислував и сметам дека е најдобро ако со Марија Клара заминете на одмор некое време. Добро ќе и дојде сонце и море за да закрепне.
– Каков одмор, Фабијан?! Дали си полудел?!
– На Марија Клра и е потребно да замине од Ла Луна на некое време. Можеби кога Алехандро ќе се врати и ќе види дека ја нема ќе се откаже од неа и ќе замине засекогаш. Ако остане на Ла Луна и го чека да се врати, ништо нема да ги спречи да се венчаат. Марија Клара повеќе не чека мое дете, ништо повеќе не ја држи во бракот со мене.

Вечерата во ресторанот течеше во знак на добро вино и свежо подготвено месо.
– Сега кога те познавам подобро, имам подобро мислење за тебе, – Естер и се обрати на Лусија. – Секогаш сум мислела дека си огорчена и затворена.
– И зошто велиш дека Артемио е предавник?, – ја праша Лусија додека ја џвакаше храната.
– Уште ме прашуваш. Самата кажа дека зел се што му припаѓало на татко ти.
– А што ти сторил тебе?
– Мене ми го уништ животот, – одговори Естер.
– Како?
– Испивме едно шише, да порачаме ново, – рече Естер откако ја доточи и последната капка од шишето.
– Јас не сакам повеќе, – рече Лусија.
– Секако дека сакаш, – инсистираше Естер и порача ново вино од келнерот кој ги служеше.
– Зошто велиш дека Артемио ти го уништил животот?
– Секогаш работев предано во агенцијата…Она што јас го правев не беше опасно, како што е ризична работата на Ана Вирхинија, да речеме. Одеднаш се најдов среде проблем во кој беше вмешан и брат ми.
– Зборуваш за случувањата со Лорена Веларде и нејзиниот сопруг?
– Да. По смртта на Лорена се почна да се движи во надолна линија. Артемио сака да не обвини мене и Фабијан. Дури успеа да сокрие докзаи против нас, но за среќа ги најдовме и сега се на безбедно.
Лусија внимателно ја слушаше својата соговорничка.

Кога завршија со вечерата, Лусија ја допрати Естер до дома бидејки беше толку пијана што одвај чекореше.
– Ти благодарам што ме донесе, Лусија.
– Нема на што…
– Знаеш, – додаде Естер милувајки ја по лицето. – Ти си убава девојка…
– Благодарам.
– Многу убвава, – додаде Естер и веќе во следниот миг им се споија устите. Се љубеа диво и страсно, движејки се кон креветот расфрлајки ги своите алишта по подот…

Следното утро, заѕвоне телефонот во работната соба на Фабијан, во моментот кога тој сеуште поспан, со шоља кафе влезе во канцеларијата.
– Зошто не одговориш на повикот, Маргарита?, – ја праша девојката.
– Најверојатно е Алехандро. Цело утро ја бара госпоѓа Марија Клара.
– Јави се и кажи му дека Марија Клара не е тука. Дека заминала. Некаде далеку…излажи го.
– Но, дон Фабијан…
– Реков да се јавиш, Маргарита!
Под притисок, девојката ја подигна телефонската слушалка.
– Домот на фамилијата Валенсија, повелете.
– Кој е? Маргарита, поврзи ме со Марија Клара те молам, – рече Алехандро од другата страна на линијата.
– Госпоѓата не е дома, – излажа девојката. – Замина во Европа со нејзината тетка.

Уште само 9 продолженија до крајот!

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …