Почетна / Сапуници / Италијанската серија „Росела“ од понеделник до петок на Телма во 17:30

Италијанската серија „Росела“ од понеделник до петок на Телма во 17:30

Приказна за едно романтично минато време на љубов, двобои и неправда

 

Oд понеделник (17 ноември) на Телма телевизија започнува една италијанска новела во 26 продолженија, наменета за сите оние кои сакаат да видат квалитетна љубовна драма со заплети и добра продукција. Серијата “Росела” ќе се емитува секој работен ден, премиерно во 17:30 часот, со реприза следниот ден во 11:30 часот претпладне.

 

 

Содржина:

Дејството се случува во романтичната епоха на границата меѓу 18 и 19 век во Џенова. Убавата Росела е ќерка на благородничко семејство, кое и подготвува договорен брак. Но еден ден, Росела на прв поглед се вљубува во згодниот новинар Џулијано, кого сопственото семејство го отфрлило. Откако нивната врска не е прифатена од семејството на Росела, таа решава да побегне со Џулијано и да ја погази честа на својот татко. Дознава дека е бремена, но тогаш Џулијано ја напушта и Росела останува сама со своето дете. И покрај љубовното разочарување, таа решава сама да се издржува, се запишува на виша школа за да стане физиотерапевт. Се вљубува во младиот доктор Рикардо, чија жена е пронајдена мртва. За смртта на жената на Рикардо е обвинет Џулијано, кој тие денови се вратил во Џенова. Државниот обвинител покренува постапка против Џулијано, но кога се’ се чини готово, коцката се свртува и државниот обвинител го обвинува Рикардо за убиството.

 

 

Од тој момент започнува борбата на Росела против корумпираната власт со цел да ја докаже невиноста на Рикардо. Истовремено таа започнува да помага во една болница за деца сирачиња. Уште една вест ја потресува младата хероина, веста дека нејзиниот Рикардо погинал при обид за бегство од затворот.
Животот и носи уште едно изненадување и уште една љубов. Оставена сама на себе, таа го прифаќа додворувањето на богатиот Лоренцо кој ја сака само за себе. Она што Росела не го знае е дека Рикардо е жив и дека нејзиното срце сеуште чука за него.

Улоги: Gabriella Pession (Росела), Danilo Brugia (Рикардо), Giuseppe Zeno (Џулијано), Simone Montedoro (Лоренцо)

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!