Почетна / Сапуници / “Измамничка” од понеделник на Телма

“Измамничка” од понеделник на Телма

Серијата на Телемундо, “La Impostora” од понеделник започнува на Телма

 

 

Од понеделник во рамките но изменетата програмска шема на Телма телевизија започнува новата латиноамериканска теленовела “Измамничка”. Серијата е снимена оваа година во 120 продолженија, а ќе се дава во 7 часот наутро со реприза во 13 часот.

 

Содржина:
Бланка е млада и убава девојка која работи како келнерка, а сонува еден ден да стане позната актерка. Како мала ја изгубила својата мајка, па затоа целиот живот го посветува и му помага на својот татко Мемо. Мемо еден ден е неправедно отпуштен од компанијата на семејството Алтамира каде работел долги години. Бланка решава да разговара со стариот Леонидас, сопственик на компанијата и глава на Алтамиранови. Затоа оди на забавата под маски која се организира во вилата Алтамира и неприметно влегува во куќата.
Во куќата ја запознава Ракел, ќерка на дон Леонидас која пред јавноста се претставува како скромна вдовица и посветена мајка. Но таа всушност е злобна и манипулативна жена, која направила многу злосторства, а ја крие и нејзината сестра Вероника во присхијатриска болница. Ракел има три сина: најдрагиот Едуардо, срамежливиот Кристобал и Хорхе кој води двоен живот. На забавата, Бланка се запознава и се вљубува во Едуардо со кој доживува преубави романтични моменти, криејќи се под маската.

 

Но животот на Бланка вистински се менува кога го запознава богатиот бизнисмен Адријано Ферер кој има една совршена понуда за Бланка. Тој бил вљубен во сестратра на Ракел, сега мисли дека таа е убиеа од Ракел и затоа сака да и се одмазди на злобната вдовица. Тој и ветува на Бланка дека ќе и помогне да стане актерка, ако влезе во фамилијата Алтамира и ги открие нивните тајни. Така Бланка станува Викторија Сан Марино, бизнисменка од Њујорк која склучува зделка со фамилијата Алтемира и влегува во нивниот живот. Никој не знае за целта на Бланка, а таа се плаши ако Ракел ја открие. Работите се комплицираат затоа што Бланка и Едуардо не можат да ги прикријат своите чувства, а на патот на нивната среќа понатаму ќе стојат Ракел и Маријана, бившата свршеница на Едуардо.

Улоги: Lisette Morelos, Sebastián Zurita, Christian Bach, Manuel Landeta, Begoña Narváez, Mauricio Hénao, Jonathan Islas and Alpha Acosta

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …