Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 12

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 12

 

Луксузниот автомобил застана пред пансионот на Макарија. Во него се  наоѓаше маркантниот млад маж со совршени црти и преубавата црна, вита девојка. Сите кои не ги познаваа можеа да заклучат дека се совршен пар. Но, срцето на девојката му припаѓаше на друг маж.

–          Овде живеам, инжењеру, – му рече девојката на Ектор.

Ектор излезе од автомобилот да ја допрати Јулиса до прагот на куќата. Јулиса беше шокирана од она што го гледаше пред себе. Ѕидовите на куќата беа обоени со погрдни зборови како “курва“.

Вадо Фалкон ја имаше исполнето својата закана. Неговите штитеници во текот на ноќта ја имаа уништено и обоено фасадата од пансионот со погрдни зборови.

Јулиса ги измина љубопитните соседи околу куќата .

–          Ова е куќата на мојата мајка и јас и Макарија сме чесни жени, – на сиот глас извика Јулиса обраќајки им се на соседите.

–          Што се случува овде, Јулиса?, – љубопитно ја праша Ектор.

–          Ве молам, не верувајте во пишаното, инжењеру.

–          Секако дека не верувам, Јулиса.

–          Мојата мајка не заслужува ваква навреда!, – повторно се заврте кон присутните. – Мојата мајка е светица и сите добро го знаете тоа! Кој го напиша ова? Кој од Вас се дрзнува да суди со вакви клевети?

Искрено потресен од случувањето, Ектор сакаше да и помогне на Јулиса па ја зеде за рака.

–          Да влеземе внатре, те молам.

–          Не е праведно, инжењеру. Нема да дозволам мојата мајка да се носи со вакви навреди.

 

Иако Кристела пред многу години го заврши животот во јавна куќа, се почувствува како натписите да се напишани за неа. Девојката која живееше чесен живот во пансионот на Макарија, не можеше да ги сопре солзите.

–          За сите нив сум само курва, кумо. Дури и Лучо постојано ме потсетува на тоа.

–          Со години и мене ме следеше тој страв. Но не смееш да дозволиш сенката на минатото да живее вечно во тебе, Кристела.

–          Натписите се за мене, – ликуваше Кристела, иако истите тие беа за Макарија.

–          Без созли, Кристела, те проколнувам. Нема да дозволам никој да се посомнева во твојата чест, ниту во честа на оваа куќа. Сеедно ми е за клеветите и лагите.

–          Мамо, што се сучува?, – праша Јулиса кога во куќата влезе заедно со Ектор.

–          Во текот на ноќта некој испишал погрдни зборови за нас жените во оваа куќа, – објасни Макарија, под око гледајки во Ектор кој беше непознат за неа.

–          Се однесува на мене, – рече Кристела, бришејки ги солзите.

–          Уште вечерва целата фасада ќе ви биде префарбана, без грижи, – ги тешеше Ектор.

–          Извинете на дрскоста госпдоине, но кој сте вие?, – го праша Макарија.

–          Ектор Фалкон, на услуга.

–          Мамо, ова е инжењерот Фалкон за кој ти зборував, мојот газда.

–          Слушајте, господине. Не ми требаат вашите услуги и не сакам со манипулации како оваа да се обидувате да дојдете до мојата ќерка, – избувна Макарија, свесна дека пред неа стои посинокот на човекот кој го презираше, Вадо Фалкон. – Освен тоа, не знам што барате овде.

–          Мамо, – Јулиса почувствува дека Макарија претерува.

–          Не ме прекинувај, Јулиса. И самата знаеш дека само една личност има дрскост да напише нешто вакво!

–          Госпоѓо Макарија, само сакав да помогнам, – додаде Ектор.

–          Не ни треба вашата помош! Можеби и вие самиот сте наредиле да се направи оваа пакост. Не ми треба ништо што доаѓа од куќата на дон Еверардо Вадо Фалкон!

 

Дамијана под око гледаше во младичот кој го сретна на паркингот и кој сега го возеше . беше висок, со светли очи и руса коса. Не беше свесна дека тоа е човекот против кој работи, Тристан Фуего, оној кој го местеше за саботажа во топилницата.

–          Како се викаш?, – го праша.

–          Не е важно моето име. Јас сум само човек кој ви прави услуга.

–          Неспособен, – му дофрли дрско. – Поради тебе го загубивме автомобилот кој го следевме. Немам што да барам повеќе овде. Жешко е и жедна сум. Врати ме дома, – му нареди.

Тристан кој беше доста суетен, го сопре автомобилот и рече;

–          Од сега сте сама. Излезете од мојата кола!

–          Но…Како да дојдам до дома?

–          Викнете си такси или некој од вашите шофери.

–          Простак! ,–му извика во лице и излезе од колата.

 

На  хиподромот каде што се натпреваруваа расни коњи беше гужва како и вообичаено. Трката на коњи само што не беше почната. Во толпата луѓе кои страсно се кладеа за своите фаворите, се наоѓаа Роки Санторо и Рене Тибурисио. Двајцата ги дадоа последните пари за коцка, бидејки веруваа дека истите ќе ги повратат во многу поголема количина. Роки сакаше да се збогати за Енграсија, а Рене требаше да и испрати пари за алиментација за синот. Таа жена беше најголемата грешка на Рене од младоста. Воден од страста и невнианието, заврши со син кој речиси никогаш не го гледаше.

Коњите беа подготвени. Трката започна.

–          Не знам колку ова беше добра идеја, Роки. Едноставно немам среќа, како ни во животот така ни во кладбите, – се жалеше младиот Рене.

–          Извади ја таа лоша карма од глава. Ти кажав да ставиш се што имаш на Асул. Таа кобила ќе ти донесе победа.

–          Дали си полудел? Ова се е што имам, –  покажа во паричникот со неколку пезоси.

–          Ќе излеземе одовде богати, пријателе! Верувај ми мене. Вложи се што имаш! По оваа трка, на твојот син нема ништо нема да му фали, а Енграсија ќе моли да биде моја.

 

Во меѓувреме, Енграсија дозна дека Хосе Гвадалупе, таткото на Капричо ја држи затворена дома. Мораше да ја ослободи својата пријателка од канџите на тој тиранин. Кога пристигна пред куќата, Хосе Гвадалупе не беше дома. Зборуваше со својата пријателка преку заклучена врата.

–          Татко ти полудел, Капричо, што те затворил дома.

–          Ме држи на леб и вода, Енграсија, – низ солзи преку вратата, Капричо и се жалеше на својата пријателка. – Знаеш што ми рече? Дека никогаш нема да ме пушти од дома.

–          Бев загрижена што не се јави со денови и никој немаше чуено за тебе во пансионот на Макарија. Помислив на најлошото, Капричо. Кога ги видов фотографиите на интернет…

–          Што зборуваш?, – Капричо немаше претстава дека фотографиите се објавени на интернет сајтовите.

–          За сликите, Капричо. Ти со оној американец. Скоро голи во кревет…

–          Не, Енграсија, не направив никакви фотографии! Ме фотографираше облечена.

–          На сликите си во кревет со него, делува како да имате односи. Кажи ми искрено, Капричо? Дали тој човек те силуваше?

–          Не, Енграсија, – очајно ликуваше Капричо. – Ме турна на креветот со цел да ме силува, но не знаев дека ме слика…О боже…

–          Сликите се објавени на интернет, мила.

–          Енграсија, мораш да ме извлечеш од овде. Морам да зборувам со тој гринго…

–          Смири се. Јас ќе му пишам. Иако, познавајки ги таквите луѓе, сигурна сум дека ќе бара нешто во замена.

–          Не, нема да ти дозволам да ризикуваш. Те молам извлечи ме одовде, јас ќе го најдам.

Изненадно, пред прагот на куќата се појави Хосе Гвадалупе. Побесна, гледјки ја Енграсија како преку заклучената дрвена врата зборува со неговата ќерка. Сметаше дека Енграсија и другите девојки од пансионот се виновни за однесувањето на Капричо.

–          Оди си одовде, не сакам да те видам во близина на Капричо! Ни тебе ниту било која курва од борделот на онаа жена!

–          Не ви се плашам, господине. Удрете ме, но јас ќе ја извлечам Капричо од дома. Немате никакво право да ја држите заклучена, кутрата.

–          Ти ле ќе ми кажуваш како да ја воспитувам мојата ќерка?, – Хосе Гвадалупе ја подигна раката врз девојката.

–          Како не ви е срам? Ја држите заклучена на леп и вода? Каков монстурм сте вие?!

–          Енграсија, те молам не расправај се, – ја замоли Капричо која се плашеше за својата верна пријателка.

–          На Капричо и на жените како тебе им треба цврста машка рака, некој кој што ќе ве доведе во ред! Ти си нејзина соучесничка, ти и сите оние бесрамнички од борделот.

–          Внимавајте на јазикот, дон Хосе! Мене можете да ме вреѓате колку скате, но не ги мешајте Макарија и девојките од пансионот! Капричо е моја пријателка и се колнам дека ќе ја ослободам од затворот во кој ја држите!

–          Надвор од мојата куќа!, – Хосе Гвадалупе не можеше да дозволи една девојка да го навредува на неговиот имот.

–          Луѓето како вас знаат да решаваат проблеми само со сила. Никогаш не сте била за Капричо тука кога сте и требале. Никогаш не сте постапиле кон неа како татко.

–          Последен пат те предупредувам, девојко. Оди си пред да заборавам дека си жена.

–          Остави ја Енграсија на мира татко. Нема врска со она што ми се случи, за се сум јас виновна, – низ солзи Капричо го молеше својот татко.

–          И да не си се вратила веќе тука, – и довика Хосе Гвадалупе на Енграсија кога замина од куќата.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!