Почетна / Живот / „Златната треска“ открива како се копа злато вредно милиони

„Златната треска“ открива како се копа злато вредно милиони

 

Шеста сезона на “Јагма за злато” од 5 јануари на Дискавери

 

Дискавери новата година ја започнува со златната сезона на серијалите кои ја следат потрагата за злато, било да се работи за класично ископување во рудник или пак трагање по злато на морското дно. Очигледно е дека златото има посебна моќ над луѓето ширум светот, бидејќи програмот за златната сезона е меѓу најгледаните на Дискавери. Серијалите „Јагма за злато“ и „Ловци на злато“ ќе го пробудат сјајот во очите на гледачите, а можеби некои ќе ги поттикне да си ја пробаат среќата во сопствената потрага за злато.

 


 

„Јагма за злато“ е водечки серијал по гледаност на Дискавери а премиерата на шестата сезона ќе ја има на 5 јануари во 21 часот.

Минатата година Тод Хофман стана од пепелта и го спаси својот тип од банкрот. Оваа сезона поседува богата земја, искусен тим и е во позиција да се надева на добро. Но, Тод е голем сонувач, а оваа година дури и неговиот тим е запрепастен од неверојатните цели кој ги поставува за крајот на сезоната. По прв пат заедно ќе работат три генерации на семејството Хофман, вклучувајќи го 16 годишниот син на Тод. Единствено што му стои на патот на Тое е неговото его. Можи ли да се контролира или конечно ќе му даде шанса на младиот Паркер да заработи пари?

 


 

Во меѓувреме Паркер има многу работа. Минатата сезона ископа злато во вредност од 3 милиони долари, но тој успех си имаше своја цена ако се земи во предвид дека тимот е воздржан под водството на толку млад шеф. Паркер полни 21 година и сега на потешкиот начин осознава дека успешноста на минатата нема врска со успехот на новата сезона во потрагата за злато. Ќе биде присилен да се сети на сè што го научил неговиот сакан дедо Џон и да избегне катастрофа. Паркер оваа сезона ќе мора да направи повеќе, не само да пронајде злато, туку и да научи да биде лидер.

Тони Битс, наречен Викинг е легенда на Клондајк. Како што се наближуваше крајот на зимата, Тони ја оствари својата цел од милион долари и тоа со помош на 75 години стар багер. Оваа година мора да оспособи и машина која нема работено повеќе од 30 години, а се тоа за да може да почне во потрага за злато. Тони сака да докаже дека старинскиот начин на ископување е најдобар.

Шестата сезона е преполна со шокантни преврати надополнета со количини на злато кои го надминуваат се она што до сега го пронашле. А прашањето е…кој добива сè?

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Хорор во хотелот „Европа”, некогашната гордост на Отешево

Ова е кратко видео сведоштво за една типична негрижа од македонското општество кон нешто вредно …