Почетна / Телевизија / Емисија што ќе го врати детскиот џагор низ улиците

Емисија што ќе го врати детскиот џагор низ улиците

 

Телевизија Орбис Битола започнува со реализирање на нов проект за детска емисија насловена како “Конзулски палавковци” со забавно-едукативен карактер којашто ќе обработува теми кои ќе ги заинтригира најмладите. Она што ќе се презентира како финален производ, да се применува и во практиката. Во емисијата ќе бидат опфатени училиштата од Битола, а ќе биде наменета за сите ученици од основно училиште.

Целта на емисијата е да привлече внимание и да ги оттргне децата од компјутерите, да се врати интересот за настаните во училиштето, џагорот низ улиците, а воедно и да се обноват старите игри коишто помалдите генерации не ги знаат. Емисијата би опфатила најразлични теми на пример здрава исхрана, лоши навики, пороци од современото живеење, спорт и спортски активности, култура, музика и слично. Автор и водител на оваа детска емисија е Јовица Пауноски.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Легендарното трио К-15 во живо во Арена „Борис Трајковски“

Легендарното трио „К-15“ се враќа да заокружи 30 години дружба на многу оригинален начин.  Настанот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!