Почетна / Забава / Дочекајте ја Новата година на прослава во клуб „ХО“

Дочекајте ја Новата година на прослава во клуб „ХО“

 

Новоотворениот клуб ХО кој што се наоѓа на самиот плоштад Македонија во Скопје, најавува голема Новогодишна забава со македонската ДЈ елита.  Утревечер, на самиот дочек на Новата 2014-та, нашите најдобри диџеи – Бабура, Бранчез и Боби ќе бидат задолжени за атмосферата во клубот кој што присутните на неодамнешното отворање го окарактеризираа како олицетворение на софистицираност од светска класа.

 

 

За да биде Новогодишната прослава комплетна менаџерскиот тим на ХО ќе им овозможи на присутните специјален Ретро сет од  ДЈ Дела, кој за момент, преку големите хитови, ќе ги врати во минатото. Забавата во ХО ќе започне во 22 часот, а влезниците чинат 300 денари.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Flowers Symphony“ повторно во Битола и Охрид со повеќе од 100 учесници

Еден од највпечатливите музички проекти на Оркестар DIVA, „Flowers Symphony“, и ова лето ќе ѝ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!