Почетна / МК Сцена / Тајзи најавува прв соло албум

Тајзи најавува прв соло албум

 

Оваа година за Тајзи ќе биде продуктивна и запаметена. Барем за него затоа што како и секој артист што си посакува, Тајзи работи на тоа да оваа година го издаде својот прв соло албум кој е во план да излезе почеток на месец јуни. Заедно со неговото првенче, Тајзи ќе го промовира и носечкиот сингл од албумот со нов видео запис.

 

Овој артист за кој велат дека е поинаков од постоечкото на нашата музичка сцена, има што да понуди. А каков и што го познаваме – позитивен, распеан и лиричен, очекуваме освежување за нашите уши. До тогаш Тајзи Ви изразува Љубов преку неговата истоимена песна и прв соло сингл кој за неполни 3 месеци е најпреслушуваната трака на Јутјуб каналот со пола милион прегледи. Тоа ни вели едно – “Дечко, под итно ти треба соло албум!” Нека ти е со среќа…

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!