Почетна / Забава / Евровизија / Девојката од Панама и посака среќа на Калиопи!

Девојката од Панама и посака среќа на Калиопи!

Тимот на ТВ Пакет денеска стапи во контакт со девојката од Панама што неодамна ја испеа песната на Калиопи на македонски јазик и покрај тоа што истиот и беше особено непознат. Стефани Вилс – Тара е од Панама, живее во градот Ciudad de Panama и има 21 година. Денеска како поддршка за Калиопи на вечерашното финале на „Евровизија 2012“ таа специјално за ТВ Пакет го испеа рефренот на „Црно и бело“, а воедно ја задоволи и нашата љубопитност, Тара ни раскажа од кога го следи најголемиот европски фестивал.

„За овој фестивал дознав во 2004-та година, јас и мајка ми гледавме телевизија, вртејќи низ каналите налетавме на настапот на Руслана кога таа веќе победи на фестивалот. Тие неколку минути беа пресудни за следењето на овој фестивал да стане слатка обврска за нас“, изјави девојката од Панама што европскиот фестивал го следи преку телевизијата TVE Internacional.

 

 

Кога ја прашавме кои се нејзините фаворити меѓу досегашните македонски претставници, таа ни одговори дека тоа биле Мартин Вучиќ и Ѓоко Таневски. За нашата држава вели дека Скопје е прекрасна метропола, одушевена е од споменикот на Александар Македонски иако го видела само на фотографија. Го спомна и Тоше Проески како пејач со преубав глас, а еве што таа мисли за текстот на песната на Калиопи:

„Знам што значат зборовите од песната на Калиопи, песната е преубава, го најдов англискиот текст и дознав дека насловот значел „Црно и бело“, сфатив дека се работи за една многу тажна песна, само можам да кажам дека се пронајдов во нејзините зборови и едноставно не можев да издржам да не ја испеам“, искрено изјави Тара.

За крај, ја прашавме што би и посакала на Калиопи за вечерва, дали ќе и држи среќа од Панама, а таа ни даде неверојатен одговор:

„Нема потреба јас да и посакам среќа на Калиопи, таа секогаш ја достигнува перфектноста, знам дека и вечерва ќе го стори тоа. Ја погледнав на полуфиналето и на пробите, секогаш има прекрасна изведба, импресионирана сум“, ни рече Тара и сепак на крај и ја посака најголемата среќа на Калиопи. Секако, не поздрави и нас и тоа на македонски јазик!

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!