Почетна / Телевизија / Дали Алфа знае која турска серија им почнува во вторник?

Дали Алфа знае која турска серија им почнува во вторник?

 

Алфа рекламира една серија, а ќе пушти сосема друга?

 

Турската серија “Аманет” која се емитува во 19:15 часот завршува во понеделник, а веќе од вторник на програмата на Алфа стартува нова турска надсинхронизирана серија. Но, она што е збунувачки за нас, а ќе биде збунувачки и за гледачите, е тоа што не знаат која серија всушност почнува.

 

 

Накратко, Алфа ја рекламира серијата “Рането срце” за која веќе и објавила содржина на својот сајт. По најавите и содржината, може да се дојде до заклучок дека почнува љубовната драма “Fatih haribye”.

 

 

Но, во објавата на содржината на сајтот, Алфа објавила слики од сосема друга турска серија и тоа од маратонската сапуница “Aşkın bedeli“.

 

 

Во секој случај, Алфа нешто се збунила затоа што под исто име не може да водат две различни турски серии. Кое ќе биде вистинското рането срце, останува да видиме. И доколку биде “Askin bedeli”, останува прашањето како може една телевизија да си дозволи да рекламира некоја серија, а потоа да пушти сосема друга.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …