Почетна / Забава / Голем магичен предновогодишен базар во Скопје Сити Мол

Голем магичен предновогодишен базар во Скопје Сити Мол

 

Скопје Сити Мол, е предновогодишно расположен, и претворен во Магичен град. Многубројните содржини кои во деновите пред новогодишната прослава можат да се најдат во молот, се вистинска атракција за посетителите. Потрагата по Дедо Мраз во најголемиот лавиринт во Македонија е во тек, а борбата за таблет на маратонскиот Плејстешн турнир, секојдневно се „заострува”. Дополнителен новогодишен подарок од Сити Мол во претстојниот викенд, е Магичниот предновогодишен базар на ракотворби кој ќе се оддржи од 18-ти до 21-ви декември, а е организиран заедно со Занаетчиската комора на Македонија.

 

 

 

„Базарот, кој ќе се оддржи од 18 до 21 декември, го организираме со цел презентација на уникатни и убави предмети, изработени од македонски раце. Заедно со Занаетчиската комора, одлучивме да воведеме и избор на најдобар излагач – нешто што посетителите преку пополнување на ваучер ќе можат да го направат. Оној кој ќе добие најмногу гласови, ќе може да го задржи својот штанд до крајот на календарска 2014 година во Скопје Сити Мол. Дополнително, продолжува со работа Сити Кидс Клубот со интерактивни претстави, креативни работилници и други интересни активности, а тинејџерскиот предизвик за учество во маратонскиот Плејстејшн турнир кој носи вредни награди, е отворен за нови кандидати. Веруваме дека ова е супер предновогодишна забава, која во форма на подарок, сакаме да им ја овозможиме на посетителите и со тоа, да им ја честитаме новата година”, истакна Александра Шаровиќ Атанасовска, менаџер на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.

 

 

Викендите за најмладите пак, веќе втора недела се оддржуваат во Сити Кидс Клубот. Детската претстава со кралицата Слаткица е вистински погодок за најмладите, заедно со едукативните игри. Пеењето во хорче, истотака ги започна подготовките за својот настап на 27-ми декември, а сите заинтересирани можат да се пријават за да земат учество во приредбата. 

 

 

 За крај, потрагата по Дедо Мраз во лавиринтот е во полн ек! Најголемиот лавиринт досега направен кај нас, предизвикува – Влези и пронајди го Дедо Мраз. Големата потрага по него продолжува, а ова е убава можност да го посетите предновогодшно, магично расположениот, Скопје Сити Мол.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …