Почетна / Телевизија / Х Фактор / Водителката на „Х Фактор“ се смее на своја сметка

Водителката на „Х Фактор“ се смее на своја сметка

Водителката на „Х-фактор“ Ана Михајловски Грубин по написите дека има направено неколку пластични операции, одлучи да се пошегува на своја сметка и да не остава простор за измислување шпекулации. На својот Инстаграм профил објави фотографии на кои нема воопшто шминка и прави смешни гримаси за да изгледа уште полошо или посмешно.

Притоа ја раскажува смешната ситуација кога се видела на насловните страници во некои весници: „Осум часот наутро, одам да купам млеко и кога одеднаш на насловната на магазинот „цела оперирана“, слика од пред 7 години, без шминка и слика од сега со шминка! Па, мачиња, знаете што, тоа не се вика пластична операција туку растење, бидејќи тогаш имав околу 23 години! Тоа се вика развивање и целосен третман на МБК продукцијата, моите стилисти кои можат и кравата да ја претворат во риба. Колку да знаете, и понатаму имам моменти кога сум многу грда“.

„А и забите се мои. Што да правам кога ниеден забар не сака да ми стави протеза. Велат, „заштитен знак“, иако јас не можам да ја затворам устата од тоа колку ми се искривени! Така што… доста зборувате глупости, никој не изгледа исто како на телевизија! Ете, јас кога ќе се разбудам и погледнам во огледало, се плашам од самата себе“, вака Ана во ироничен и саркастичен стил им се обрати на медиумите и постигна поголем ефект и популарност, отколку написите и измислиците на некои медиуми во изминатиот период.

Црно бело

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!