Почетна / Спорт / Вистината за ФК Барселона

Вистината за ФК Барселона

Вистината за Барселона во Лигата на шампионите


Прво, честитки на Барселона што 5-ти пат по ред ЗАСЛУЖЕНО се пласираше во полуфиналињата во Лигата на шампионите што е за прв пат во историјата на меѓународното клупско натпреварување односно за поставувањето на не-знам-кој-по-ред рекорд, како и рекордите што ги сруши Меси во ова натпреварување.

Сега имам морал(ност) како објективен љубител на фудбалот, и како гледач (публика) сакам да се „открие“ вистината за Барселона и да се разгледаат сите шпекулации околу омразата создадена околу најдобриот клуб (создаден тим на сите времиња) – се мисли на овој клуб, тим од актуелната 11-орка на чело со Пеп како тренер и Меси, Чави и Иниеста како јадрото на тимот. Пишувам „ОТКРИЕ“ бидејќи мнооооогумина се прават слепи, пристрасни, необјективни, инаетчии… а вистината „се знае“ и не треба да се испревртува, како што го прават многу медиуми, на чело со спортскиот весник АС (мадридски весник, којшто секогаш пласира шминкани и намерно испревртени-информации за да се „зацрни“ успехот на политичкиот и спортскиот „смртен“ опонент – Барселона).

Сите тие шпекулации извираат од мадридскиот весник АС и како многу-лесно-пренослива болест се шири низ сите други весници, особено на оние што не се фанови поточно хејтери на Барселона, а тоа се сите клубови од сите првенства. И верувајќи им на тие шминкани вести, овие, читателите на весници, се „палат“ многу лесно, бидејќи нивниот клуб испаднал оштетен, а всушност не ја гледаат вистинската ситуација.

Да ги разработиме и разгледаме сите спорни натпревари и да ги видиме сите ситуации на теренот, не да ја гледаме само „едната“ страна на нештата – особено онаа што им одговара на многумина.

Ќе пишувам(е) само за натпреварите од ЛШ бидејќи ќе се држиме до темата, односно нема да (за)бег(ув)аме на другите натпреварувања – се надевам дека и коментарите нема да (за)бегуваат од темата.

 

 

1) Прв (спорен) натпревар:
6 мај 2009, Челси – Барселона 1:1

Всушност овој натпревар не е ништо спорно односно чисто се гледа дека Челзи е оштетен и Барселона неправедно или неправилно влегува во финалето. Тој натпревар го судеше Овребо, помина со прелоши оценки и затоа веќе не ни суди во УЕФА или натпревари од поважно меѓународно значење. Казната си ја плати Овребо за лошото судење. Оттука почнува цела серија обвинувања против (би се изразил) никулецот на (дотогаш се` уште неизградениот) најдобриот тим (состав) на сите времиња (според многумина фудбалски стручњаци и нефудбалски институции…).

Еве и видео од тој натпревар.

 

Инаку пласманот во полуфиналето од ЛШ не е оспорено, бидејќи заслужено стигна дотаму.

 

 
2) Втор спорен момент
24 април 2010, Барселона – Интер 1:0

 

 

Во дуелот помеѓу Барселона и Интер се случија многу неправилности и многупати беше оштетена Барселона, а сите гледаат речиси небитното на тој натпревар. Ќе почнеме со обвинувањето над Барселона дека „ги има“ судиите на своја страна. Имено, се спомнува црвениот картон над интеристот Мота, а НИКОЈ од хејтерите на Барселона, ама БАШ НИКОЈ не ги спомнува спорните ситуации кадешто ДЕБЕЛО Е ОШТЕТЕНА БАРСЕЛОНА.

Прво, голот во Милито на домашен терен е постигнат од чист офсајд (што го чини Интер пласман во финалето од ЛШ и втора „подарена“ (и со Порто и со Интер) титула на Мурињо – ќе видиме на видеото подолу како дошло до подарувањето).

Второ, имаше чист пенал над Дани Алвеш, пенал којшто може да се утврди „и од авион“, но судијата не го досуди. Пеналот не беше воопшто спорен и ќе го досудеше било кој фудбалски судија, само не беше, ете, баш тој судија, не досуди удар од белата точка (и ова го чини Интер пласман во финалето).

Трето, голот на Ноукамп во последните минути којшто неправедно беше поништен (повторно во корист на Интер).

Значи 3 чисти ситуации работеа НЕПРАВЕДНО во пласман на Интер во финалето (една од нив да не беше, Барселона ќе беше во финалето), а сите го гледаат црвениот картон за Мота (мнооооогу небитна ситуација во однос на 3 случаи претходно). И внимавајте, овие, хејтерите на Барселона се` уште не го гледаат тоа. Мурињо добива подарена титула, овие го гледаат црвениот картон. Страшно и смешно.

Еве го видеото. На видеото ги има и оние ситуации што ја обвинуваат Барселона (повторно мадридско монтиран видео-материјал) дека играчите на Барселона се големи глумци, но за тоа друг пат.

 

 

(НЕБИТНО ВО ОВОЈ ТЕКСТ, НО Е ФАКТ) Видеото покажува и за тоа како Мурињо можеше уште во првата нокаут фаза кога беше тренер на Порто, против Манчестер Јунајтед требаше регуларно да изгуби, но судиите „не“ ја видоа ситуацијата. Ако беше досуден регуларниот гол, Мурињо ќе си останеше во Порто и никој немаше да го знае – не се оспоруваат неговите големи тренерски способности!!!)

 

3) Трета спорна ситуација
8 март 2011, Барселона – Арсенал 3:1


 
Ова е, исто така, како и претходната, горенаведена ситуација со Интер, смешна ситуација. Во смисла, со кој образ се бунат фановите на Арсенал, кога тука е друг оштетен! Спорната ситуација што е најмногу пласирана на медиумите, како зацрнување на Барселона е вториот жолт картон (не директен црвен) над Робин ван Перси. Објективно, се дава жолт картон за таква реакција, но судијата Масимо Бусака можеше „да прогледа низ прсти“ и да не му даде жолт картон, само затоа што е втор. Но, тоа се случи и се дигна прашина. Е сега, на тој двомеч колку неправилности имаше што ја оштетија Барселона!?

Прво, на резултатот 1:0 во Лондон, во акција во 37 минута, Лионел Меси постигна регуларен гол, од чиста позиција, но НИКОЈ не го спомнува тоа.

 

Потоа, во една, ќе ја наречам сомнителна ситуација, Педро беше фаулиран од Кончесни во 16-тникот на Арсенал и имаше елементи на пенал – тоа повторно НИКОЈ не го гледа.

Трето, на крајот од натпреварот (за жал не успеав да најдам видео за коешто јасно се гледа дека Аршавин игра со рака и тоа влијаеше на играта), но, повторно, НИКОЈ не го коментира тоа.

Тоа се случаи на поништен регуларен гол, и два (нека биде еден) сигурен недосуден пенал за Барселона, сите хејтерите на Барселона, се фатиле за вториот жолт картон на Ван Перси. Комедии.

 

 


4) Четврта спорна ситуација
27 април 2011, Реал Мадрид – Барселона 0:2

За четвртата ситуација, смешно е што е нагласена како спорна, е екстремно грубиот старт на Пепе врз „глумецот“ Алвеш. Јас не знам како може ова да се прикажува како неправедно судење.

Правилата се кристално јасни. Таков старт се казнува ригорозно! Значи, ако нема скршена нога, нема картон. Значи, Алвеш требаше да го стават во инвалидска количка за да црвениот картон биде оправдан. Па тоа е суштината на дадениот црвен картон односно таквата казна – да се спречат опасните стартови за да не се доведат во опасност односно до повреда играчите.

Ставете се во ситуација на било кој клуб и вашите милионски вредни фудбалери да бидат изложени на вакви стартови – каква загуба е тоа. Затоа и постојат правилата на заштита на фудбалерите. Особено во лига надвор од домашната – во овој случај Ла лигата.

 

 

5) Петта спорна ситуација
3 април 2012, Барселона – Милан 3:1

И петтата ситуација, најсвежа ситуација. Вториот досуден пенал за Барселона. Повторно, главен шпекулатор, нели погодувате, шпански АС. Сликата, по пат на зараза по принципот копи-пејст на сите хејтерски настроени медиуми, групи и фанови ја пласираа сликата дека влечењето се случува надвор од игра односно пред да се изведе ударот од аголот и на тој начин не смее да се досуди пенал. Со други зборови, сака да кажат дека ако топката беше изведена, тогаш може да има пенал, но бидејќи е надвор од игра – неправилно досуден пенал. ОК. Инаку сликата е добра и прецизна (во вистинско време е стиснато пауза) за да се покаже дека стварно не е изведен корнерот. Исто, да напоменеме, дека ако топката е надвор од игра (иако трае натпреварот), играчите може да се тепаат и да не бидат казнети – хахахахахаха.  

 

Е сега да ја видиме вистинската слика. Со сликата само се докажува дека топката е изведена и дека фаулот на Неста е во игра! Но, се сложувам дека не требаше да се досуди пенал, за да гледаме добар тек на фудбалот, но правилата си се правила.

 

Еве ја изјавата на Неста (играчот кој го направи прекршокот): „Мислев дека судијата нема да свирне втор пенал. Во Европа судиите судат поинаку отколку во Италија…“ Не е битно понатаму, битно е дека признава дека направил прекршок, а прекршокот се казнува.

(Мора да одам до овој степен на хипотетичка ситуација, зошто на хејтерите им е најсвежо) и да не беше досуден тој пенал, фудбалот и Барселона заслужено отидоа понатаму бидејќи Милан, во ситуацијата кога губеше 2:1 воопшто не се потруди да даде гол за да обезбеди понатамошен пласман, бидејќи со резултат 2:1 треба да напаѓаат, а тие пасивно ја следеа играта на Барселона.

Хејтерите одат до тој степен што го негираат и првиот пенал, за којшто, по правило, требаше Антонини да биде казнет со црвен картон бидејќи Меси беше во идеална ситуација за гол. Но, тоа НИКОЈ не го спомнува. Тоа правило го знае и мало дете (без навреда дечиња 🙂

А во првиот натпревар кога се играше во Милано. Имаше две чисти ситуации за пенал и НИКОЈ не ги коментираше. Тие ситуации веднаш се казнуваат со пенал, но НИКОЈ не гледа дека Барселона е оштетена односно е судено во полза на Милан, но хејтерството врз најдобриот е развиена медиумска и комуникациска форма денес, којашто се развива веќе 5 години.

 

 

 

*     *     *

 

Конечно, сума-сумарум кога е во прашање најдобриот клуб, сите „слепо“ одат на плукање, поттикнато од медиумите што шират шпекулации или испревртуваат вистини, прикажуваат само дел од сликата, а не цел мозаик. Од сите 5 обработени случаи, може објективно и реално да негодуваат само фановите на Челзи и никој друг! Но и да се запамети и дека Барселона е оштетената страна, не другата.

Ако сте вистински љубител на фудбалот, ако сакате да бидете публика, не само слепи плукачи, ќе ја согледате РЕАЛНО целата ситуација.

Како и да е, плукањето по најдобриот не е ништо ново. Тоа е општа законитост, особено кај нас во Македонија. Но, точно е дека и зад најдобриот се дига најмногу прашина!

Тоа што имате да го побиете во однос на дадените информации или да додадете, слободно оставете коментар. Но, ВЕ МОЛАМ, не забегувајте од темата. Не мешајте Ла лига, други натпревари, или отворање теми надвор од наведената! Благодарам на Вашето внимание да го прочитајте целиот текст.

 

 

 

| Објективен љубител на фудбалот


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот …

error: Содржината е заштитена!