Почетна / Забава / Евровизија / Евровизија | Македонија настапува во 2. полуфинале

Евровизија | Македонија настапува во 2. полуфинале

 

Денеска се извлече ждрепката за тоа која земја во кое полуфинале ќе се најде и во која половина од вечерта.  Повторно како и лани се погоди во едно полуфинале да има дури четири балкански земји, но овој пат за наша несреќа, Македонија не е меѓу нив. Таа се најде во второто полуфинале, со единствено очекување гласови од Бугарија, Романија и Албанија. Да се надеваме дека МТВ ќе ја одбере вистинската песна со која ќе може да очекуваме гласови и од другите земји.

Шведската радио телевизија и официјално го претстави логото и слоганот за Евровизија 2013. која ќе се оддржи во Малме. Околу тоа што претставува пеперутката во логото, официјалниот веб-сајт на Евровизија посочува дека има над илјада различни видови на пеперутки, но сите тие се наречени под едно име. Баш така е и Евровизија – еден силен идентитет, со богата разноликост на нации. Ако работиме заедно, можеме да постигнеме се – ние сме една целина.

 

„We are one“

 

*црвена боја (во првата половина)
*зелена боја (во втората половина)

ПОЛУФИНАЛЕ 1: 14.05.2013
Данска
Хрватска
Украина
Холандија
Австрија
Словенија
Естонија
Русија

Литванија
Србија
Ирска
Белорусија
Кипар
Црна Гора
Белгија
Молдавија

ПРАВО НА ГЛАС:
Велика Британија, Италија, Шведска

ВТОРО ПОЛУФИНАЛЕ: 16.05.2013
Латвија
Азербејџан
Малта
Исланд
Сан Марино
Македонија
Финска
Бугарија

Израел
Норвешка
Албанија
Унгарија
Швајцарија
Грузија
Грција
Ерменија
Романија

ПРАВО НА ГЛАС:
Шпанија, Германија, Франција

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Услови кои треба да ги исполни песната за јуниорски Евросонг 2026

Македонската Радио Телевизија објавува Конкурс за избор на композиција која ќе ја претставува Република Северна …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!