Почетна / Забава / Видео порака од Оливер Драгојевиќ и Џибони до македонските фанови

Видео порака од Оливер Драгојевиќ и Џибони до македонските фанови

 

Во пресрет на најавениот заеднички концерт, прв и едниствен, двете музички легенди, двете огромни музички имиња од просторите на поранешна Југославија – Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони ја објавуваме заедничката видеопорака наменета за сите нивни македонски фанови:

“Ова е мојот пријател Оливер тој ќе ги поздрави женските, а мене ми остануваат машите… Значи, драги Македонки, драги Македонци додјете на концерт во Арена на 4 март… Така е, бидете дел од нашата фамилија концертот ќе биде одличен. 50 години кариера на Оливер и 30 моја, па кога сето ќе се стави во четири часа тoa ќе биде чудо. Заедно ќе ни биде убаво и ќе пееме заедно”, велат Оливер и Џибони.

 

Заедничкиот концерт на Оливер и Џибони на кој на македонската публика ќе и го претстават проектот “Фамилија” е закажан за 4 март во Арената Борис Трајковски, а истиот е во организација на Гуливер милс.

“Фамилија” е проект инспириран од нивни животни приказни и случки, а на концертот освен новите теми Оливер и Џибони, прв и засега единствен пат во ваков состав во Скопје, ќе ги отпеат и своите најголеми хитови.

Билетите за концертот се во ограничен број, а истите се продаваат по цена од 900 денари за седење на трибини, 1 000 на мобилни трибини и партер и 1500 денари се ВИП влезниците.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младите бунтовници се враќаат после 16 години

Сензацијата Еревеј или попознати како „Млади бунтовници“, музичка група родена од популарната серија, после 16 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!