Почетна / Телевизија / Вечерва Адам и Мите се борат за победа во шоуто „Пинк ѕвезди“

Вечерва Адам и Мите се борат за победа во шоуто „Пинк ѕвезди“

 

Гласајте за нашите Македонци во “Ѕвездите на Пинк”

 

 

Македонските учесници во музичкото шоу “Пинк ѕвезди” вечерва ќе ја имаат последната шанса да се борат за победа во музичкото натпреварување. Благодарение на вашите гласови се пласираа во финалето на шоуто, кое ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот, а гледачите од Македонија ќе може да го следат на фреквенцијата на Сител телевизија.

 

 

Гласањето тече постојано, линиите за гласање за нашите кандидати Адам Лабунски и Мите Стоилков се отворени. Низ неколку пресеци ќе бидат елиминирани 12-те финалисти се’ додека не се дојде до прогласувањето на победникот.

 

 

Во финалето на шоуто вечерва ќе бидат изведени пет премиерни песни. Фолк дивата Цеца Ражљатовиќ ќе промовира три песни од својот најнов албум “Автограм”, а Драгана Мирковиќ која од септември станува член на жирито на шоуто, ќе промовира два нови видео записи.

 

 

Доколу сакате македонска ѕвезда да биде овогодинешна Пинкова ѕвезда, гласајте на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : Z (празно место) и редниот број на кандидатот. Гласањето е во тек, гласајте за Мите и Адам на 141 – 345 :

GLA Z16 –  за Мите Стоилков

GLA Z18 – за Адам Лабунски

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …