Почетна / Серии / Британскиот ситком „Shameless“ репризно на МТМ секоја вечер

Британскиот ситком „Shameless“ репризно на МТМ секоја вечер

 

По “Ева Луна”, “Трејси Бикер”, “Љубов на распуст”, уште една реприза


Британската серија “Бесрамници” со репризно емитување на скопската МТМ телевизија, од понеделник до петок во 21.15 часот, заменувајќи ја теленовелата “Илузионист”. Се работи за позната британска т.н. комична драма за возрасни, продуцирана од Company pictures за Канал 4. “Shameless” во Британија се даваше од 13 јануари 2004 година до 28 мај 2013 година, со вкупно 11 сезони и 139 епизоди.

 

 

Фокусот на драмедијата се става на животот на британската средна работничка класа, при што доби позитивни критики од многу британски медиуми, како весникот The Sun и Newsnight Review на BBC Two.

Во 2005 година, тв серијата доби награда БАФТА за најдобра драмска серија и на Британските Награди за Комедии доби награда за најдобра комедија – драма. Многумина ја познаваат американската верзија на серијата која ја снима се уште Шоутајм, но вистинските познавачи на европската кинематографија за британската верзија ќе речат : брутално, лудо и ненормално, а од друга страна и доста сурово и реалистично добро изгледа оригиналната верзија во споредба со другата верзија.

 

 

Фамилии од гетата, социјалните „проект“ населби кои крпат ден за ден работејќи секакви работи кои ќе успеат да ги најдат. Легални (кенлерство), а во најголемиот дел и нелегални (одгледување на марихуана, проституирање, крадење, водење нелегална градинка, крадење старци од дом). И фамилијата Галагер како нуклеус е прикажана екстремно реално што дури е вознемирувачки. 

Серијата го следи дисфункционалното семејство на Фрeнк Галагер, самохран татко на шест деца. Додека тој ги поминува деновите пиејќи, неговите деца учат да се грижат самите за себе без срам. Од шесте Галагер деца Фиона е најстарата, а Лијам е само бебе кога започна серијата.

 

Нивната биполарна мајка Моника ги напуштила, а таткото Френк е алкохоличар кој иако е присутен во куќата е тотално незаинтересиран за нив.  Секое од децата поради ова е без родителски надзор, видело работи кои што деца на нивна возраст не треба да ги видат, фактор кој само придонесол самите деца од мала возраст да се грижат еден за друг и искрено предвреме да пораснат.  Да не го споменуваме  моментот кои децата се најдоа во рацете на социјалните служби и беа сместени во посебни домови или беа посвоени.

 

 

Што ја прави Shameless добра и квалитетна серија која фановите знаат да ја ценат? Најпрво тука е одличната актерска екипа која со секоја наредна сезона покажува дека кастинг агентите на стартот си ја завршиле работата мајсторски, а сценаристите можеби уште повеќе. Ова е серија која што изобилува со толку мрачна, сурова, урнебесно хумористична и „бесрамна“ реалност како што кажува и самиот наслов. Ќе се фатите како се смеете во една, а плачете во наредната сцена.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!