Почетна / Забава / Бајага беше кулминација на сцената на Златните Кратовски денови

Бајага беше кулминација на сцената на Златните Кратовски денови

 

Златните денови и оваа година беа полн погодок. Изминатите три дена Кратово беше центар на сите случувања, позитивна атмосфера и енергија на сцена. Најпопуларните музички имиња викендов можеа да се видат на сцената забавувајќи ги присутните.

 

Бајага и Инструктори беа кулминацијата која предизизвика бура на емоции, позитивни реакции и одлична забава. Со ,,Моји су другови” и официјално заврши саботната програма на Златни Денови. Елена Ристеска, Чалгија Саунд Систем беа дополнителен доказ дека програмата и оваа година е полн погодок, уживање за сите посетители.

 

 

Петок вечер пак, Кратово гореше од позитивна атмосфера, многу насмевки, музика и убави моменти, наподолнети од настапите на Даниел Кајмакоски, Ѕвездите на X- Фактор Адриа, Куку Леле, Блага Петреска, Виолета Томовска, Ефто Пупиноски и Јордан Митев, кои настапија во чест на македонската музичка легенда, Јонче Христовски.

 

 

Денес, недела, 28-ми јуни, во 12 часот напладне пред платото на Музејот на Град Кратово настапуваа хорот и солисти на Златно Славејче заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски, со кои и официјално завршија Златните денови во Кратово.

Се’ е добро кога добро ќе заврши. Вторите по ред Златни денови Кратово се одличен извор на забава, позитивна атмосфера и убави моменти.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Во сабота (15 март), со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!