Почетна / Забава / Девојката од спотот на Ален Хасановиќ стана мисица
Ангела Василевска

Девојката од спотот на Ален Хасановиќ стана мисица

 

Во петокот (26 јуни) во Пловдив, соседна Бугарија, се одржа финалето на изборот за „Miss & Mister SEA Galaxy 2015“ во кое учествуваа тројца Македонци кои се закитија со титули.

 

Ангела Василевска

 

Ангела Василевска, прекрасната манекенка од скопското модно студио „Црнокрак“ заслужено ја освои титулата Мис фотогеничност.

Ана Трајковска од Тетово ја освои титулата Мис персоналити, а Мартин Данчев од Скопје беше изгласан за победник во натпреварот за нови (надежни) таленти. Тројцата македонски претставници се дел од модното студио „Црнокрак“, а овој интернационален избор за прв пат се одржа во Европа.

Пред околу една година, прекрасната Ангела Василевска ја освои јавноста со своето појавување во главната улога во првиот видеозапис на потенцијалниот победник во „Ѕвездите на Гранд“, единствениот Ален Хасановиќ.

Во продолжение погледнете го видеозаписот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светска премиера на композиции од Дарија Андовска во Минхен

Во понеделник, 8 јуни, во рамките на серијата концерти #BSOmondayConcerts, кои ги организира Bayerische Staatsoper, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!