Почетна / Телевизија / Х Фактор / Ана Михајловски е новиот водител на „Х Фактор“

Ана Михајловски е новиот водител на „Х Фактор“

 

Популарното шоу „Х Фактор“ од вечерва ќе го води нов водител, и тоа преубавата Ана Михајловски.

 

 

Поранешната водителка на продукциската куќа Emotion на својот Твитер профил наговести дека се подготвува за вечерва, а блискиот извор до продукцијата открива дека Ана дефинитивно е новиот водител на шоуто. Таа за публиката е позната како водител на „Операција триумф“ и „Големиот брат“. Од продукцијата исто така изјавија дека гледачите вечерва ги очекуваат бројни изненадувања. Славко Калезиќ е тргнат од водителската позиција поради многуте негативни коментари на социјалните мрежи. Новата елиминација во живо очекувајте ја вечерва во 21 часот или веднаш по „Судбината на Фатмаѓул“ на Сител телевизија.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …