Почетна / Живот / Александар е од Македонија!

Александар е од Македонија!

На сајтот на МТВ, Марија Котовска го издвои текстот од весникот Нова Македонија каде што се докажува дека пред 4 века за Ватикан немало дилема оти Македонците постоеле како посебен народ. Тајните архиви за прв пат во историјата се откриени за светската јавност, Александар Македонски несомнено и припаѓа на Македонија!

 

“Пред 4 века, за Ватикан немало дилема – Македонците постоеле како посебен народ, народ кој доаѓа од татковината на царот Александар Македонски, се открива во тајните архиви кои Светата столица за прв пат во историјата и ги открива на светската јавност, пишува “Нова Македонија”.

Според документите што датираат од јануари и февруари, 1640 та година, за Ватикан татковина на големиот цар Александар Македонски е Македонија. Овој факт е запишан во двете писма што македонскиот епископ Мардарије ги пратил до кардиналот Беберини и на кои се потпишал како
“епископ македонски од татковината на големиот цар Алексaнадар“.

Со писмата во кои македонскиот епископ жали за зулумите на Турците и Албанците во неговата диецеза, бил запознаен и папата.

Освен фактот што Македонија е татковината на Александар, Светата столица, во документи што датираат исто така од пред 4 века, ги потврдува  Македонците  како посебен народ, различен од народите  што живееле во соседните земји – Бугари и Срби. Во 1619 тата година, далматинските бискупи побарале од папата Павле Петти да додели стипендии за Македонци, Бугари и Срби на колеџот во Лорето. Откако биле одобрени квоти за Македонците, како посебен народ, во 1620 та година, стипендии за колеџот во Лорето добиле тројца Македонци.

Ставот што го зазел Ватикан за Македонците и нивниот цар Александар не треба да изненадува, ако се земе предвид дека овие факти се забележани уште во Библијата. Почнувајќи од Стариот завет каде што се споменува македонскиот цар Филип односно неговиот син Александар, па се до Новиот завет, кога светиот апостол Павле доаѓа од Азија токму во Македонија, за да го шири христијанството низ Европа.

Светиот апостол решил Македонија да биде портата низ која христијанството ќе влезе во Европскиот континент, откако со божја промисла добил видение во кое еден Македонец го повикал да дојде во Македонија.

При последната средба со папата Бенедикт Шеснаесетти, шефот на државата Иванов му врачи бронзен релјеф, на кој е овековечена токму сцената со видението на Павле. Релјефот, изработен од македонскиот скулптор Маријан Камиловски, предизвикал големо воодушевување кај папата.

Според “Нова Македонија”, ватиканските трезори чуваат голем број документи значајни за Македонија, кои допрва треба да бидат истражени и објавени.”

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо | Третиот извештај за напредок во животна средина од UNECE

Напредокот во управувањето со животната средина на Македонија е оценет како недоволен, нема усвоено доволно …