Почетна / Сапуници / На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24
ЖРТВИ НА ЉУБОВТА, нова италијанска серија во 44 продолженија

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, се раѓа голема љубовна приказна која ќе мора да ги понесе жртвите кои ги носи времето и препреките меѓу двајцата млади.

Интензивната страст ги обединува Брандо Прици, млад идеалист кој се бори за правата на работниците во еден каменолом и Силвија, убавата еманципирана сопруга на сопственикот на каменоломот Корадо Коради.

Главата на семејството Коради е Леополдо, арогантен патријарх кој одлучува за сè и не се двоуми да ги искористи сите свои врски во високата политика за свои интереси и не пропушта прилика да го критикува неговиот прв син Алберто. Алберто отсекогаш бил перцепиран од неговиот татко како слабак без карактер. Алберто е оженет со аристократката Гвендалина Волпи, доста комплицирана и амбициозна жена.

Корадо е вториот син на семејството Коради, едно од најистакнатите семејства во Карара, кои се сопственици на рудникот за мермер каде Брандо работи на најопасните работни места. Богатиот Корадо е гордоста на фамилијата, тој е рударски инженер, просветлен и брилијантен, но во исто време врзан за вековните традиции кои му се наметнати и оженет со Силвија.

Томазо Фабијани е учител на малиот син на Силвија и Корадо, Симоне, а Мадалена Прици е домашна помошничка во вилата Коради и помладата сестра на Брандо. Оваа љубов ќе страда поради алчноста и амбициите на Мафеи, сопственичката на вилата. Таа е беспрекорна жена која секогаш ги става своите должности над сè, но ги потиснува своите чувства. Болната љубов што ја има кон нејзиниот внук Томазо ќе ја доведе до погубни дела со грди последици.

Но, она што ќе ги промени работите е страста која се раѓа меѓу рударот Брандо и снаата на семејеството Корадо, убавата Силвија. Идејата која ја застапува Брандо и акциите кои ќе ги превземе за гласот на работниците ќе го поремети идиличниот свет на семејството Коради. Не само што животот на Силвија засекогаш ќе се промени, туку и цврстите ставови на нејзиниот сопруг.

Брандо Прици и Силвија Коради се од различни светови, но чувствата што ги поврзуваат – постојаните конфликти меѓу срцето и умот – преовладуваат над сè друго и само смртта може да ги спречи да бидат заедно. Желбата за одмазда ќе го одведе Корадо до најмрачните ќошиња на неговата душа, чувства кои никогаш досега не ги доживеал. Ривалството меѓу двајцата не запира само со Силвија. Меѓу нив избива класна војна која ќе открие многу тајни скриени за богатото и опасно семејство Коради.

Сите овие ликови ќе треба да се борат за својата љубов и нивните идеали, за моќ и авторитет и против неправдата. Секој од нив ќе се најде во позиција да се жртвува за своите страсти, сè до доаѓањето на Првата светска војна, која ќе им ги преврти животите и трагично ќе им ја запечати судбината, принудувајќи ги да се обидат да ги поправат своите скршени животи.

Oд понеделник до петок на телевизија 24 во 18.25 часот. Репризата е наредниот ден во 14.40 часот.

Дани ТВ | Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската сапуница „Грешници” обновена и за следна сезона

Маратонската турска сапуница “Грешници” доби зелено светло за нова трета сезона. Хира и Орхун продолжуваат …

error: Содржината е заштитена!