Почетна / Забава / Завршеток на авалонската година со Џибони и Влатко Стефановски

Завршеток на авалонската година со Џибони и Влатко Стефановски

За да авалонската година заврши како што треба, следува најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI како хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември. Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.

За Gibonni нема што да се каже, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични настапи. За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, Авалон продукција одлучи пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио.

Имено, кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол, честа да го отвори фестивалот ALL YOU NEED IS LOVE, ќе ја има скопскиот фуриозен бенд FUNK SHUI. Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн преку Avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари

ФАН ПИТ- 1000 денари

SILVER SEATS- 1000 денари

GOLDEN SEATS- 1200 денари

ВИП- 2000 денари

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Премиерот Зоран Заев со Димитров на Струмичкиот карневал

Премиерот Зоран Заев на Струмичкиот карневал симболично побара преговори за членство со Европската Унија. На …