Почетна / Сапуници / Зошто Алфа телевизија баш сега ја укина серијата од Бугарија?

Зошто Алфа телевизија баш сега ја укина серијата од Бугарија?

До нашиот портал веќе се обратија гледачи на кои не им е јасно зошто Алфа ТВ не продолжи со емитување на омилената медицинска драма “Украден живот”. Неколку дена бугарската сапуница веќе не се емитува на оваа фреквенција во доцниот ноќен термин, по известувањето дека е крај на серијата. Сепак заврши само 5. сезона од вкупно 11.

Пред скоро три месеци, директорот на Алфа за DW изјави :

  •  ‘Украден живот’, која е во жанрот на т.н. медицински драми, се емитува во прајм тајм – 21 часот, секој ден од понеделник до петок и во моментот е најгледаната играна продукција на ‘Алфа’ според измерените резултати во нашиот прајм тајм. Серијата има околу 500 епизоди и ‘Алфа’ постигна договор за целиот серијал, вклучително и за оние епизоди што допрва се снимаат во Бугарија.

Што се променило од декември и зошто серијата не продолжи по само пет сезони од вкуно единаесет, aко Алфа имала договор за над 500 епизоди? Гледачите останаа без одговор, но и без омилената вечерна драма.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на „Азра“ и „Фазилет“ во нова играна серија на Сител

Секој сака да сака, и војник и морнар, и сиромав и богат. Тоа не се …

error: Содржината е заштитена!