Почетна / Филм / „Zodiac“, „Hereafter“, „Constantine“… дел од филмското кино на Телма

„Zodiac“, „Hereafter“, „Constantine“… дел од филмското кино на Телма

Од 25 до 29 ноември, следете ги филмските драми и трилери на Телма, секоја вечер во 23 часот, веднаш по последните епизоди од серијата “Водолија”.

понеделник (25 ноември) –“Two faces of January”

Пријателство со гламурозна брачна двојка за еден туристички водич е одлична идеја бидејќи не знае дека двајцата кријат безброј мрачни тајни. Некогаш особата која најмногу ти е потребна е последна на која треба да ѝ веруваш. И токму тоа е сижето на овој американски британски трилер, базиран на истоимена новела.

вторник (26 ноември) – “Hereafter”

Осамениот Џорџ, француската новинарка Мари и студентот Маркус го слушнаа гласот на смртта и сите се во потрага по вистината за својот живот и дали навистина постои нешто после смртта. Фантастична драма, продуцирана од Стивен Спилберг и режирана од Клинт Иствуд беше номинирана и за „Оскар“.

среда (27 ноември) – “Zodiac”

Постојат повеќе начини да се загуби живот, но кога единствена трага се писма и шифрирани пораки од убиецот а бројката на жртви се зголемува, тогаш полицијата е во лавиринит на претпоставки.

Крими драма базирана врз вистинита приказна за еден од најозлогласените сериски убијци во Америка, кој извршил 5 убиства за 12 години, во 60те и 70те години. Филмот е претставен на филмскиот фестивал во Кан во средината на 2007 година.

четврток (28 ноември) – “Constantine”

Џон Константин  го поминал патот до пеколот и назад. Тој е роден со посебна дарба да распознава полуангели и демони кои живеат на Земјата во човечки облик.

Како млад, тој извршил самоубиство и знае дека по смртта ќе оди во пеколот. Воскреснат против својата волја, Константин е вратен во светот на живите и скита низ Земјата, надевајќи се дека поради своите добри дела ќе оди во рајот. Талентираниот детектив ќе ѝ помага на жена полицаец да докаже дека смртта на нејзината сестра не е самоубиство, туку нешто повеќе.

петок (29 ноември) – “You were never really here”

Трауматизиран ветеран, кој не се плаши од насилство, работи на пронаоѓање на исчезнатите девојчиња. Кога работите ќе излезат надвор од контрола, тој открива заговор кој може да доведе до патување со негов смртен исход или будење.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!