Почетна / Филм / Неделна вечер со историска романса на МТВ и модерна на Алфа

Неделна вечер со историска романса на МТВ и модерна на Алфа

МТВ 1, 21.15 часот – “The white countess”

Шангај во 1936 година бил средиште на политички интриги, бегалци од хаосот на војната, меѓународен бизнис и различни субкултури. Во вакви услови, двајца луѓе ќе склопат сојуз- прекрасната руска грофица која се труди да го прехрани своето семејство, танцувајќи по клубови и еден слеп дипломат кој е очаен од загубата на семејството во едно политичко насилство.

Руската грофица Софија Белинска се потсетува на старите времиња на благосостојба во раскошни фустани, но сето тоа е минато. Грофицата сега живее сиромашен живот во Шангај заедно со својата ќерка Катја. Таа е вработена како хостеса во еден клуб каде разговара, танцува и забавува секакви мажи. Наташа Ричардсон, Ралф Фајнс, Ванеса Редгрејв во историската драма за “Белата грофица”.

Алфа, 20.30 часот – “Do I say I do?”

Доколку сакате помодерна романса, тогаш “Дали да кажам да” од 2017-та година е изборот за недела навечер. Приказна за авторката Џесика Бендер која е приморана да работи заедно со нејзиниот бивш дечко, но тогаш и двајцата ќе сфатат дека искрите на љубовта никогаш не згаснале.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!