Почетна / Серии / „Животинското кралство“ на Штрумфета се враќа поопасно од било кога

„Животинското кралство“ на Штрумфета се враќа поопасно од било кога

Нема милост за тебе ако си дел од лавовското стадо. Доколку ѝ наштетиш на групата, па и ако си мал лав, таа ќе се сврти против тебе. Биди сигурен во тоа. Ти останува само да се браниш. Дали ќе бидеш изеден или ќе излезеш само со гребнатини, ќе покаже твојата игра. Токму на овие сурови животински принципи функционира и семејството Коди во кое за да се преживее, ти останува само да се бориш.

Ексклузивно на Телма од наредната седмица започнува третата сезона од американската драмска серија “Животинско кралство”. Серија за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството, но серија и за последиците кои следуваат кога тоа ќе се сврти против Вас.

На почетокот на серијата се запознавме со 17 годишниот Џошуа кој поради предозирање и смрт на неговата мајка, мораше да се пресели во домот на неговата баба и вујковци. Така, дојде во семејството Коди – семејство од кое и најопасните се плашат, но и од кое, најкревките умираат.

Бегајќи од една лоша околина, тој дојде во нова каде исто така не цутаат рози затоа што семејството Коди се занимава со разни криминални дејствија. Глава на ова животинско кралство е Џанин, која покрај сега починатата ќерка, има и четворица синови, кој од кој поопасен, кој од кој похрабар.

Баз е посвоениот и водич на кражбите, Поуп е најстариот син, кој бил во затвор и има ментално растројство. Крег е средниот од синовите, кој е зависник од дрога и е склон на многу ризици, а најмалиот Дерен е геј и верен помагач во семејните злодела. Акциите на овие ликови ве оставаа без здив, а нивните криминални умови не можеа да ве остават рамнодушни.

Затоа, бидете со Телма и следете ги новите, уште подраматични продолженија од застрашувачката сага за Штрумфета и нејзиното семејство.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!