Почетна / МК Сцена / Тој е секогаш со неа „high“ – погледнете го новиот спот на Иво

Тој е секогаш со неа „high“ – погледнете го новиот спот на Иво

Иван Атанасов – Иво е најмладиот ексклузивец на Урбан Рекордс, момчето за кого прв пат јавноста дозна летово кога го промовираше неговото прво видео за „Дел “. После само три месеци Иво ја снима траката насловена како “High – да се воздигне нечија состојба на умот. (Секогаш со неа)”.

На Youtube каналот на Урбан Рекордс, официјално веќе се промовираше новата песна со спот. Музиката е на Иво, аранжманот и миксот на Flexin3d, мастеринг на Ивајо. Песната е невообичаено во два дела, првиот е во времетраење од две минути,а вториот од една и е комплетно во трап стил.

Спотот го изработи Гордан Божиновски – God Eye Production и е минималистички и арт, подсеќа на mtv 90’s стилот, каде доминира црно белата боја. Во првиот дел од спотот се појавува прекрасниот модел Ангела Стојковиќ, а во вториот кој е снимен во еден кадар, се гледа како Иво ја ужива поддршката од колегите и тимот на Урбан. Спотот се снимаше во стан во Кисела Вода и во „Baking bread” – Аеродром.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фидбек Бенд“ со музичко освежување пред почетокот на летото

Музичкиот состав кој долги години успешно функционира на домашниот пазар, „Фидбек Бенд“ ја објави својата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!