Почетна / Серии / Запознајте ги ликовите во новата серија „Скорпион“ на ТВ 24
Ова се членовите на тимот на "Скорпион" во новата серија на ТВ 24, од вторник до петок во 22.30 часот

Запознајте ги ликовите во новата серија „Скорпион“ на ТВ 24

Серијата ,,Скорпион,, во четири сезони се одвива околу О’Брајан и неговите пријатели кои ги решаваат сложените глобални проблеми и со тоа спасуваат животи. Нивната работа наскоро го привлекува вниманието на оделот за дравна безбедност кој решава да ги користи нивните знаења за сузбивање на тероризмот.

Валтер О’Брајан е генијалец со коефициент на интелигенција 197 и уапсен за упад во мрежата на НАСА. Тој тешко се справува со емоционалните ситуации.

Валтер е неверојатно интелигентен и не се грижи како неговите зборови влијаат на другите, и го сметаа за арогантен и груб. Тој има проблеми во комуникацијата со луѓето, дури и со генијалци кои ги познава со години. Самоуверен е кога ќе види проблем сака веднаш да го реши. Тој се грижи за своите пријатели, толку многу што е подготвен да го ризикува животот за нив.

Неговата неспособност да изрази емоции произлегува од фактот дека во поголемиот дел од неговиот живот, бил близок со две лица – сестра му Меган и другарот Кејб Гало.

Пејџ Динин имала тешко детство. Нејзината мајка е во затвор, па Пејџ ги лаже своите пријатели дека нејзината мајка е продавачка.

На 22 години, Пејџ го добила синот Ралф со нејзиното тогашно момче Дру. Откако го запознава тимот на Скорпион работи за нив, а тимот и помага да го разбере нејзиниот генијален син Ралф.

Не само што е мајка на Ралф, туку таа игра улога на мајка на тимот, бидејќи таа се грижи за нив.

Ралф Динин е син на Пејџ, проблематично дете пред во кое Волтер препознава генијалец. Тој добро комуницира со тимот и помага при случаи. Ралф малку се сеќава на неговиот татко. Тој има IQ 200.

Тобијас „Тоби“ Мериведер Куртис е обучен психијатар од Харвард со коефициент на интелигенција 170, што е најнизок во тимот.

Тоби му служи на тимот како „читач“ на луѓето со кои се среќава тимот. Неговата зависност од коцкање повремено предизвикува проблеми за тимот и за него. Неговата мајка има страда од биполарност. Тоби решава да стане психијатар за да им помогне на родителите. Коцкањето ќе му донесе проблеми со ливарите и неговата свршеница го напуша поради неговата зависност. Тоби е обично смешен, но може да стане многу сериозен во соодветни ситуации.

Хепи Квин е надарен машински инженер со коефициент на интелигенција 184. Нејзината мајка починала кога ја родила и нејзиниот татко се одава на алкохолот па ја дава на посвојување затоа што сметал дека е несоодветен родител. Хепи никогаш не наоѓа вистински дом, постојано селејќи се од дом во дом.

Таа ги крие своите емоции под контрола, но брзо се лути и се обидува да се справи со нејзината болка претворајќи ја во лутина. Таа е крајно недоверлива кон другите.

Силвестер Дод е надарен математичар и статистичар, го сметаат за „човечки калкулатор“. Тој е високо чувствителна личност и се бори со опсесивно-компулсивно растројство и анксиозност и се плаши од микроби, авиони, чамци, отворена вода, има повеќе фобии (клаустрофобија и орнитофобија).

Фобиите на Сли можат да бидат ограничувачки, но тој е храбар човек кој се бори со тие стравови. На 16 години, упаѓа во банкарскиот систем и краде 2.500 долари.

Агентот Кабе Гало е поранешен маринец и агент на ФБИ пред да се приклучи на Министерството за внатрешна безбедност; Гало го регрутира тимот како тим за врска за да се справат со тешките мисии за кои владата нема работна сила или технолошка моќ.

Бил оженет со Ребека, со која ја има ќерката Аманда, која починала од тешка болест. Првпат се среќава со Валтер кога бил агент испратен да го испита хакерот на НАСА и го регрутира да работи за владата. Валтер дизајнира софтвер за следење за „хумани цели“ кој подоцна е искористен за бомбардирање на Багдад и убиство на 2.000 цивили.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде …

error: Содржината е заштитена!