Почетна / Живот / Жанр сцените во фокусот на новата изложба на Националната галерија

Жанр сцените во фокусот на новата изложба на Националната галерија

Тематската изложба “Жанр-сцените од колекцијата на Национална галерија“, ќе биде отворена на 7 септември, во Мала станица, со почеток од 13часот.
На изложбата ке бидат изложени околу 80 дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“ на претставување на сцените, со задолжителна дискретна поента во постоечките елементи на драматика, сатира, дидактика, па се до вклучување на романтизам и сентименталност. Жанр-сцената го опфаќа човекот и неговото опкружување. Се забележува претстава на пазари, ентериери, ликови во ентериер, улични настани…
Додека, во воопштената смисла на темата, тука спаѓаат селскиот и градскиот мотив, како и верските мотиви, со присуство на човекот и спонтани животни ситуации кои како краен ефект ја доловуваат уметничката визија на вистинската слика на животот, во која секој гледач може да почувствува поврзаност и близина.

Преку оваа тематска изложба, се добива ретка можност да се видат дела од депоата на Национална галерија, некои неизложувани, а некои по подолг период ќе бидат претставени на јавноста. Делата се од исклучителна важност, и воедно, ова е тема која не била застапувана повеќе години, така што е нагласен едукативниот момент кај младите генерации, да се запознаат со нашето културно богатство, и реномираните автори од нашите простори, од државата и поранешните бивши југословенски републики, во сопственост на Националната галерија.
Авторите се повеќемина на број, од нашата ликовна сцена, како и од бившите југословенски простори : Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Љубомир Белогаски, Димче Протуѓер, Василие Поповиќ- Цицо, Томо Владимирски, Богољуб Ивковиќ, Александар Ивановски Карадаре и др.
Од странските автори застапени на оваа изложба ќе бидат Коста Хакман, Целестин Медовиќ, Вилим Свечњак, Крсто Хегедушиќ, Омер Мујаџиќ, Миќа Поповиќ, Надежда Петровиќ, Весна Соколиќ и др.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

error: Содржината е заштитена!