Почетна / Сапуници / За фановите на „Величествениот“, нов безвременски хит во Македонија

За фановите на „Величествениот“, нов безвременски хит во Македонија

Сите кои со огромно внимание го следевте “Величествениот” сега сте на чекор од нов историски хит. Доколку ги сакавте интригите во харемот на Султан Сулејман и навивавте за победа на Ибрахим Паша на борбениот фронт, тогаш Сител телевизија ви приреди вистинско изненадување.

Токму за вас, љубителите на историските спектакли и сонувачи за безвременска љубов како онаа на Хурем и султан Сулејман, Сител телевизија ви ја донесува “Две кралства”. Серија за нови борби, нови надмудрувања во кралството и нови љубови зад епските тврдини.

Доколку ја обожувавте приказната за величествениот султан, тогаш ова дефинитивно е одлична замена за таа серија. Дворецот во кој Хурем ги постави работите под своја контрола сега е кралство во кое допрва ќе треба да се наместат коцките.

Затоа, следете ја програмата на Сител и уживајте во викенд авантура и безвременска акција со “Две кралства”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финалните недели од „Луда куќа“ во 19 часот на Канал 5

Нови авантури во животот на Асланови. Нови згоди и незгоди на ликовите во хит комедијата …

error: Содржината е заштитена!