Почетна / Сапуници / Од продукцијата на „Клон“ доаѓа нов спектакл на Сител

Од продукцијата на „Клон“ доаѓа нов спектакл на Сител

Пред помалку од 20 години имавме несекојдневна прилика да бидеме сведоци на серија која со право до ден денес го носи епитетот на најгледана содржина било кога емитувана во Македонија.

Оринталниот мелос во комбинација со модерна светска музика, арапските традиции во судир со модерниот начин на живот, пороците на Западот во спрега со традицијата на Истокот… И сето тоа само во една единствена новела која ги собори сите рекорди на гледаност.

“Клон” беше серија која постигна незапаметена гледаност и даде мотив на продукцијата Глобо од Бразил да работи уште повеќе, уште подобро и поквалитетно за секоја следна продукција изгледа подеднакво моќно како “Клон”. И сега години потоа, токму продукцијата што ја создаде “Клон” направи ново ремек дело, сосема поразлично и сосема поинакво.

Овојпат, Глобо создаде историски спектакл кој го надмина квалитетот на “Клон” и предизвика неверојатна еуфорија кај секој што реши да ја погледне токму “Две кралства”.

Сега, конечно и во Македонија ќе имаме уникатна можност да ја погледнеме најновата серија од Глобо. Бидете подготвени за тоа што следува. Бидете подготвени за борбите меѓу двете кралства и сплетките меѓу новите херои.

Очекувајте го стартот на “Две Кралства”, ексклузивно на телевизија Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!