Почетна / МК Сцена / Втор концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 2 јуни

Втор концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 2 јуни

После распродавањето на првиот концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ по повод 20 години од издавањето на aлбумот ,,Трета мајка”, Авалон закажа и втор концерт за сите оние кои не успеаја да набават влезници, и тоа на 2ри јуни, во Македонска филхармонија со почеток од 20:30 часот!
На 1ви и 2ри јуни, македонската публика ќе има ексклузивна шанса после навистина долго време, во интимна атмосфера како онаа на Македонска филхармонија да ужива во изведбата на албумот ,,Трета мајка”, ,,Крушево” и сето останато што го имаат подготвено големите мајстори на гитарата, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ!

Воедно, ексклузивно во Македонска филхармонија, на 1ви и 2ри јуни ќе имате и ексклузивна шанса да си го купите својот примерок од изданието ,,Трета мајка” на винил, потпишано од страна на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ!
Влезниците за вториот концерт се во продажба онлајн на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:
1.500 денари и
1.990 денари.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени рефрените од сите 20 песни на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што …

error: Содржината е заштитена!