Почетна / Филм / Воената драма „Битката за Москва“ во празничниот викенд на Сител

Воената драма „Битката за Москва“ во празничниот викенд на Сител

На 23 мај (сабота) и 24 мај (недела) во 23.30 часот, Сител телевизија ќе ги емитува првиот и вториот дел од рускиот воен филм “Битката за Москва – Агресија”, по што ќе следуваат и деловите за следната московска битка – Операција Тајфун. Филм кој прикажува историја која одбележа спас и одбрана на еден од најголемите градови во светот.

Настаните кои претходат и самата битка се дел од овој руски филм во германско-чехословачка-виетнамска копродукција во режија на Јури Озеров, кој исто така го напиша сценариото. Снимен е по повод 40-годишнината од победата на сојузничките сили над нацистичка Германија и 20-годишнината од прогласувањето на празникот на Денот на победата. Во продолжение, прочитајте го краткото резиме на оваа историска битка за Москва.

После победата во Франција, Хитлер одлучил да го нападне Советскиот Сојуз. Битката кај Москва беше битка за одбрана на советскиот главен град Москва и последователна контра-офанзива против германската армија, помеѓу октомври 1941 година и јануари 1942 година за време на Втората светска војна.

Германската стратешка офанзива наречена Операција Тајфун предвидела две офанзиви кои би ја вклучиле Москва во клешти, со што зборува следниот филм “Битката за Москва – Тајфун”. Северната операција против Калининскиот фронт требало да ја изврши 3-та и 4-та оклопна армија и во исто време да ја премине железничката пруга Москва – Ленинград, додека јужната операција требало да биде насочена против Западниот фронт, јужно од Тула од страна на 2-та оклопна армија.

Четвртата армија требаше да напредува директно од запад кон Москва. Во последната фаза на германската офанзива беше вклучен посебен германски оперативен план, наречен Операција Вотан.

На почетокот, советските армии ја спровеле стратешката одбрана на московскиот регион со изградба на три одбрамбени појаси и распоредување на новоформирани армии и доведување засилување од сибирскиот и далечниот источен воен округ.

На крајот, Црвената армија се обидела со сите сили да се спротивстави на нападот со низа брзи операции, Сталин инсистирал на одбрана на Киев, а неговите сили претрпеле огромни загуби.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одберете го вашиот омилен филм

  За сите љубители на одлични филмови, каналот посветен на холивудски хитови, омилени евергрини и …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!