Попладневни дружби со емисијата која ќе продолжи да ги советува домаќинките како да си го поедностават животот, а ќе нуди и брзи решенија за многу проблеми во кујната, тоалетот, како и совети за фамилијата, домот, телото, убавината и здравјето.

Многу познати гости од регионалниот шоу биз ќе споделат искуства од нивните домаќинства и животи, како и мали тајни кои никој не ги слушнал.
Наташа Павловиќ, водителката на шоуто, ги повикува гледачите на Сител телевизија од понеделник да ги следат празничните изданија на “Практична жена” и да дознаат како да направат сами украси за елката и да ја внесат новогодишната магија во нивниот дом.

Бидете само со Сител во 12.20 часот, веднаш по пладневните вести.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија

Еден коментар
Pingback: Сител ги намалува репризите на турски серии – воведува нови содржини | ТВ Пакет