Почетна / Филм / Влезете во Новата година со СФ акцијата „The Meg“ на МРТ 1

Влезете во Новата година со СФ акцијата „The Meg“ на МРТ 1

Возбудлив трилер за поранешниот поморски капетан и професионален нуркач Џонас Тејлор (Џејсон Стејтам), еден од најатрактивните глумци на денешницата, кој ќе ги одмери силите со најмоќниот и најагресивниот предатор во историјата на животинското царство.

Тејлор го прогонува тоа што го видел, а не може да им го докаже на другите. Кога ќе го наречат лудак кој пати од посттрауматски стрес, Тејлор решава да се врати во длабочините на Пацификот каде ќе се соочи со најголемиот ужас.

Тој решава да му помогне на меѓународниот подводен истражувачки центар и да ја спаси оштетената и онеспособена подморница на дното на Маријанската бразда. Неговата авантура е чекор до самоубиство.
Филмот е снимен по истоимената книга на Стив Алтен кој ја воодушеви публиката насекаде низ светот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детски филмови за последната недела од јули секое утро на Телма

Детски филмови за последната јулска недела на Телма – 10 часот наутро. ГОЛЕМАТА АВАНТУРА СО …

error: Содржината е заштитена!