Почетна / Серии / Викенд репризи на СФ крими серијата „Среќниот Хари“ на Сител
Lucky Man - Series 3 - Gallery

Викенд репризи на СФ крими серијата „Среќниот Хари“ на Сител

 Сител телевизија од понеделник до петок во 23.30 часот ја репризира британската серија “Среќниот Хари” (Stan Lee’s lucky man), која е во продукција на Carnival Films и POW! Entertainment. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на оваа интересна приказна од 28 продолженија.

Хари е детектив во Лондон, чиј живот се менува по една преспиена ноќ со мистериозната Ив од кога што и добива античка кинеска бразлетна која има чудна моќ. Таа носи натприродна среќа. Па така, ако дотогаш Хари имал проблем со коцкањето по што ги изгубил жената, ќерката и парите, сега со новата моќ, тој почнува да си ги придобива работите во своја корист. Среќата му помага и во работата, во решавање на тешките убиства кои му се доделени како случаи.

Улогите ги толкуваат James Nesbitt, Eve Best, Sienna Guillory, Amara Karan, Darren Boyd, Steven Mackintosh, Stephen Hagan, Thekla Reuten.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди