Почетна / Сапуници / Прочитајте ја содржината на новата грчка сапуница на Сител

Прочитајте ја содржината на новата грчка сапуница на Сител

Ексклузивно на Сител доаѓа серија од земјата на Боговите и божествените острови. Од понеделник до петок следете ја “Бруско”, а во продолжение ве потсетуваме како започна серијата :

Мелина е млада и убава девојка која во еден бар во Атина, една вечер ја прославува својата девојaчка вечер, пред да се омажи за богатиот Сифи, нејзиниот долгогодишен дечко од Крит за кого веќе нивните родители ги договориле сите адети и планови за бракот. Додека Мелина се забавува на една маса со другарките во тој локал, на масата доаѓа Ахил кој ѝ носи чаша ‘бруско’, убаво сортно вино.

Бруското е подарок од младиот Ахил за идната невеста. Ахил во истиот бар слави момачка вечер и сосема случајно ја здогледува Мелина, па решава на интрересен начин да ѝ ја честита идната свадба на непознатата девојка. Но, тоа вино и таа ноќ засекогаш ќе ги променат животите на Мелина и Ахил.

Пијани од бруско, двајцата ѝ се препуштаат на страста која ја носи безгрижноста, па така завршуваат во кревет, поминувајќи ја ноќта заедно. Следното утро, растревожена и посрамена, Мелина набрзина си заминува од собата и се враќа на Крит каде ја чекаат подготовките за свадбата. А Ахил, не знаејќи го името на девојката, не може ниту да ја побара и да ја види повторно. И него го чека свадба, па затоа се враќа на Кипар.

По сите традиционални обичаи, на Крит се одвива свадбата на Мелина и Сифи, во присуство на нивните семејства и пријатели. А тајната за неверството останува скриена во мислите на Мелина… но и во мислите на Ахил, кој истовремено прави свадба со Евридики на Кипар. Судбината како да сакала да ги заплетка работите и да ги разгори повторно страстите. Мелина и Ахил се среќаваат преку семејствата на Сифи и Ахил кои склучуваат заеднички винарски бизнис.

И повторно виното ‘Бруско’ ќе ги спои нивните срца, но овојпат страста станува посилна од сѐ друго. Љубовта меѓу Мелина и Ахил ќе донесе лавина проблеми затоа што тие се несвесни за фаталните последици кои може да ги донесе таа врска. Љубовта станува заробена од традицијата, а желбата за слобода ќе ги води на патот до среќата.

Не пропуштајте. “Бруско” конечно и во Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!