Почетна / МК Сцена / Видео | Тони Зен конечно со нов сингл, промовиран е „Планот“

Видео | Тони Зен конечно со нов сингл, промовиран е „Планот“

По пауза од подолго време на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи на домашната музичка естрада. Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“.

Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин. – вели Тони Зен.

Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски – Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“.
Она што е добро да се знае е дека Тони Зен потпиша три годишен договор со „Прагма продукција“ – продукција која знае како да работи и која ќе стои зад секој негов професионален ангажман.

Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја, а дел од истата ќе биде и „Мандра фестивалот“ во Дојран каде ќе настапат големи музички имиња, вклучувајќи го и Тони. Веќе во сабота, на 2-ри јули, со Тони ќе имате можност да се дружите во Градскиот парк на „Crazy summer festival“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Бојана Скендеровски со преработка на „Море сокол пие“

Пејачката Бојана Скендеровски на овој голем ден Илинден ги почасти Македонците со нејзиниот најнов проект, …

error: Содржината е заштитена!