Почетна / Забава / Евровизија / Видео | „Супермен“ на Виктор ја освои евровизиската публика

Видео | „Супермен“ на Виктор ја освои евровизиската публика

Македонскиот пејач Виктор Апостоловски на чекор да биде идниот македонски претставник на големиот пејачки спектакл – Евровизија 2022. МРТ ги претстави шестте песни кои ќе се борат за победа, а која песна ќе ја претставува оваа година нашата Македонија на Евросонг во Италија, ќе дознаеме набрзо. “Супермен” веќе ги освои фановите на овој музички фестивал поради брзиот ритам и пораката која ја носи. Онлајн гласањето е во тек, а доколку хитот на Виктор е вашиот фаворит, може да го дадете својот глас со клик и глас  ТУКА.

– Ете ја СУПЕРМЕЕЕН и на мојот YouTube канал!!!
Кој сака може да ги преслуша сите и да си гласа на: https://evrovizija.mrt.com.mk
Идејата овој пат беше да напрајме лесна, интересна песна со длабока порака! СИТЕ СМЕ СУПЕРМЕН!!!
Животот е тежок, особено денес кога никој не зборува за здравјето на мажите, особено не за психичкото! Па затоа бидна и песнава, за да ви кажиме дека сме тука! Дека сите се битни! и дека можите да напрајте се шо сакате во животот! Оти? Оти сте СУПЕРМЕН! – изјави младиот Битолчанец.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора најави враќање на големата сцена на Евросонг

Јавниот ТВ сервис на Црна Гора, РТЦГ најави враќање на Евровизија 2025. Во својот план …

error: Содржината е заштитена!