Почетна / Телевизија / Нова цртана серија „Гормити“, секое утро во 10:40 часот на МТВ 1

Нова цртана серија „Гормити“, секое утро во 10:40 часот на МТВ 1

 

“Гормити” – од понеделник до петок во 10:40 часот на МТВ 1

 

 

Почнувајќи од денеска, па секој нареден работен ден на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитува нова цртана серија, надсинхронизирана на македонски јазик. Се работи за “Гормити”, анимирана серија базирана на популарната италијанска линија на играчки – Гормити, наменета за дечиња на возраст од 7 до 10 години. Серијата е снимена во три сезони од страна на американскиот канал Cartoon Network.

Дејството се случува во измислениот универзум каде живеат Гормитите водени од нивниот голем и мудар водич. Тие се мирни суштества способни да ги надминат своите слабости, и да се здружат за да ги надминат проблемите. Ја почитуваат природата и светот околу нив, и се соочуваат со нивните лути противници. Еден ден, злобниот волшебник Магор се буди од долговековниот сон и создава злобни Гормити кои треба да го освојат градот каде живеат добрите Гормити. Но, водичот на добрите Гормити создава четири племиња – Гормити на Земјата, Воздухот, Шумата и Морето кои ги здружуваат силите против непријателот.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!