Почетна / МК Сцена / Видео | Спектакуларен кам бек на Каролина со совршена денс песна

Видео | Спектакуларен кам бек на Каролина со совршена денс песна

Авалон продукција и Каролина Гочева со особена гордост Ви најавуваат …

Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано
Во соработка со мојот стар другар и соработник, Robert Bilbilov-
,,Од небо до дно”

Неочекувано, ненаметливо и суптилно – мега брендот на Македонија со најграндиозниот кам бек било кога направен. Поп иконата на македонската естрада ги почести своите верни фанови и обожаватели на квалитетниот звук со нешто ново, динамично и долгоочекувано.

Токму така. Со ултрапознатиот глас кој освојува и стас кој восхитува, Каролина Гочева по 12 години се врати со НОВА ПОП ПЕСНА.  Ремек-дело во стилот на денс-поп на 80тите, а сепак футуристички и ултра урбано.

Mузиката е на Каролина Гочева, аранжманот на песната е на Роберт Билбилов, а текстот на Весна Малинова Бабамова. Снимањето, микс и мастеринг се одвиваше во “Just RB production”, додека видео спотот е режиран и реализиран од “Пирка”. Извршен продуцент на песната и спотот е Авалон Продукција.

Па, Македонијо, може да се здивне и да се пушти новата песна на рипит. Се очекува телевизиска промоција песната и спотот да имаат во наредните денови, а веќе од утре неминовно е дека ќе ја слушате “Од небо до дно” на секој час како радио хит на неделата.

Каролина се врати, навистина се врати!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лесно“, нова музичка соработка на Масевски и Влатко Стефановски

“Лесно” е насловот на песната која произлезе од соработката на Александар Масевски со Влатко Стефановски. …

error: Содржината е заштитена!