Почетна / Сапуници / Видео | Санем од „Романтичарот“ танцувала за бившиот на Емина Јаховиќ

Видео | Санем од „Романтичарот“ танцувала за бившиот на Емина Јаховиќ

Која е Демет Оздемир, актерката која ја следите како Санем во “Романтичарот”?

Оваа млада актерка е родена во мал град Кочаели на 26 февруари 1992 година.

На возраст кога Демет имала само осум години, нејзините родители се развеле, а нејзината мајка заедно со децата се селат во Истанбул.

Во главниот град, девојчето почна да посетува средно училиште и студио за танцување.

Како што вели Оздемир, таа сакала да танцува уште од мали години, а љубител на ова хоби е и до ден денес.

Во подоцнежните години, се запишува во театарска школа под раководство на Шахики Таканда. Тука студирала 2 години.

И во младоста, Демет била многу шармантна и убава девојка, поради што била забележана од неколку танари и танцувачки студија.

На пример, пред неколку години, Демет првпат настапува во видео спотот “Ateş Et Ve Unut” на познатиот Мустафа Сандал (бившиот сопруг на Емина Јаховиќ) како танчерка.

Меѓу девојките кои танцуваат токму на ова видео е и Санем, за која ова беше отскочна даска во подоцнежата танчерска кариера.

Исто така, таа честопати добивала предлози за рекламирање. Најголемиот дел од нејзината работа било и презентацијата на авиокомпанијата “Пегасус”.

Поради рекламните спотови и видео перформанси, актерката била забележана и од телевизиски продуцентски куќи, кои почнале да ја ангажираат во нивните проекти.

Настапува во познати серии кои и македонските гледачи имаа можност да ги проследат како Снегови на љубовта, Мирис на јагода и Наследници.

Сепак, најголемиот успех го доживува во улогата на Санем во хит романсата “Романтичарот”.

Бидете со Сител и проследете ги последните две седмици од вашата омилена телевизиска забава.

“Романтичарот” и Санем на чекор до крајот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите на Канал 5 останаа без нежниот глас на Рејхан од „Ветување“

Гласот што ја надсинхронизира главната хероина на турската сапуница “Ветување” (Канал 5) е променет. Се …

error: Содржината е заштитена!