Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #23 |Alevosía

Предавство, епизода #23 |Alevosía

 

Диего ќе добие неочекувана посета од Моника. Девојката му го нуди своето пријателство како подршка што го загубил својот татко.

Октавио ја посетува Тринидад во нејзиниот стан и и признава дека открил дека Игнасио зад себе оставил ќерка. Двајцата одлучуваат да дознаат која е таа девојка. Прават алијанса во која би ја тргнале Лусија од местото претседател на клиниката.

Каетана која е страшно погодена од вестта дека Дарио ќе се ожени со Анхелес која чека негово дете, импулсивно го бакнува момчето што многу ќе го налути Дарио кој и вели дека ќе мора да заврши нивното пријателство.

                Диего е среќен како некогаш, и признава на својата сестра Сесилија дека повторно е со Моника.

                Дарио доаѓа кај Лусија ија бара раката на нејзината ќерка Анхелес. Лусија ликува што Анхелес конечно ќе се смири покрај човекот кој отсекогаш ја сакал.

Во клубот, се раѓа хемија помеѓу Хоакин и Естер. Подоцна, Естер и признава на својата пријателка дека чувствува нешто за Хоакин. На тоа, Анхелес и вели дека сеуште не може да престане да мисли на Густаво, а Естер ја советува да не си игра со Дарио за да не му го скрши срцето одново.

Доаѓа време да се прочита последната желба и тестаментот на Игнасио Соријано. Спред нотарот и адвокатот, единствена наследничка на се што Игнасио имал е неговата најстара ќерка Анхелес Соријано.

Сесилија ќе се најде погодена што татко и никогаш не ја сакал како Анхелес.

Октавио ја посетува Чоле и ја прашува дали знае нешто за ќерката која Игнасио ја имал со друга жена. Чоле му одговара дека не знае ништо за тоа, а подоцна ја известува Лусија дека Октавио се распрашувал за случајот.

Естер уште еднаш ја замолува својата пријателка Анхелес да не се мажи за Дарио бидејки не го сака. Двете пријателки ќе навлезат во голема расправија по што Естер ќе и каже дека нивното пријателство завршува тука и дека не сака никогаш повеќе да ја види.

Тринидад ја манипулира доња Инес да и го препушти местото во одборот како акционер во клиниката.

Каетана ја известува Лусија дека долго време го следела Октавио и заклучил адека тој му ги менувал пилулите на Игнасио што довело до смртта.

Во куќата на Лусија никогаш не е идеално. Сесилија која страда од фактот на помалку сакано дете и префрла на Лусија дека не ги одгледала децата како што и доликува на една мајка.  И вели дека ги третира како деца и дека никогаш не знаела да ја покаже вистинската мајчина љубов.

Сега кога Анхелес има свои акции во клиниката како наследничка на Игнасио, Тринидад ја користи ситуацијата и ја манипулира својата внука да гласа против својата мајка на слeдниот собир на акционерите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …