Нова, интересна преработка на познатата “Јако, јако” на поп пејачот Лозано.
Новата верзија е дело на акустичниот поп рок бенд “Acoustic Division”, кои паралелно се подготвуваат за настап на овогодишното издание на домашниот фестивал “Макфест”.
Членовите на бендот веќе изјавија дека песната на Лозано е само најава за она што следува, а тоа се низа преработки на познати македонски песни, овојпат во акустична верзија.
Пред “Јако јако”, ја промовираа и кавер верзијата на баладата “Лебедот Бел” на Нокаут.
Бендот постои од 2015 година, а постојани членови се Давор Бинов и Бојан Галевски. Песната “Магија” е дело на Томислав Коцевски, со аранжман на Дарко Тасев, и баш со неа ќе настапат на Макфест 2019. Им стегаме палци, со среќа на “Макфест”.
Дани | ТВ Пакет