Почетна / Серии / МТМ ќе ги емитува морничавите и опасни „Приказни од самракот“
Погледнете го лицето на смртта и препуштете се на сопствените стравови

МТМ ќе ги емитува морничавите и опасни „Приказни од самракот“

На МТМ и локалните телевизии започна со емитување нова мексиканска трилер серија. 20 епизоди, 20 возбудливи “Приказни од самракот” кои ќе ве остават без здив.

Што може да направи една жена кога ќе се најде киднапирана oд непознати луѓе и одведена во најмрачните студени одаи? Какво е чувството да се биде соочен со смртта и да знаеш дека можеш да преживееш, само и само ако ги убиеш другите заложници?

Заледува ли крвта кога ќе се разбудиш во морничава хотелска соба, не знаејќи како си стигнал дотаму, и како можеш да излезеш одтаму? Може ли една обично вечерно излегување со пријателите да ти се претвори во најбизарниот кошмар? И кој стои зад сето тоа и со која цел? Кој сака да се забавува со вакви свирепи злосторства?

Адреналин од опасните ситуации во кои ќе се најдат обичните луѓе е она што ве очекува во оваа трилер драма. Кога сонцето ќе зајде, месечината ги навестува најстрашните приказни од самракот. Понеделник, вторник и среда на прва скопска МТМ во 20.30 часот, нова играна серија за поинакво телевизиско доживување.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!