Почетна / МК Сцена / Видео | Пајак со нова соработка и тоа со српскиот Еминем “Mic-MC” за “IDJ“

Видео | Пајак со нова соработка и тоа со српскиот Еминем “Mic-MC” за “IDJ“

Клубската сцена се повеќе добива на популарност, а како најзаслужни за развојот на трап сцената се продуцентската куќа Urban Records. Единствените кои неуморно работеа и издаваа песни за цел период на изолација, а сега на задоволство на сите дојде време и да настапат со тие хитови со милионски прегледи.


И како што ветија од продукцијата дека ќе имаат соработки со наши и надворешни артисти, истите веќе се реализираат. Така пред два месеци се популарниот кај младите Пајак, ја имаше првата соработката со Таско за Психо, а вчера се случи промоцијата на новата песна, во соработка со српскиот трап изведувач -“MIC-MC”- насловена како “ERROR”. За него викаат дека е српскиот Еминем, еден од најпознатите рапери во Србија препознатлив по многу брзото и течно рапување.


Песната е издадена за една од најпопуларните продуцентски куќи на балканот “IDJ“, која за помалку од 24 часа достигна над 100.000 прегледи и веќе се искачува на висока позиција на трендинг листата на јутуб. Таа е во трап стил, музиката и текстот се на Пајак и Мик МС, во продукција на Кобра, а микс и мастеринг на Иван Јованов – Ивајо.


Спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски, а се снимаше во студио ДВД Плус Скопје.
За стајлингот на Пајак се погрижи “Sportikum”- Sportswear Store.

Во продолжение погледнете го новиот видео запис “ERROR”, а фановите на Пајак конечно на 2ри Јули можат да се дружат со него на настап во Максим-кафе Богданци.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

error: Содржината е заштитена!